Перо Антиќ одигра 19 ипол минути на гостувањето кај Милвоки за кои имаше учинок од 8 поени (3/3 за 1п, 1/4 за 2п и 1/4 за 3п), 4 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки.
Кошаркарите на Атланта ја презедоа контролата во вториот дел од натпреварот и на крајот триумфираа со 103:111.
За Милвоки не беа доволни ниту 31 поен од Брендон Најт, а кај екипата на Атланта се истакна Мајк Скот со 17 поени.
Во првата рунда од плејофот, Атланта ќе се сретне со лидерот на источната конференција, Индијана Пејсерс. Атланта ќе гостува кај Индијана во недела наутро во 1:00 часот по наше време.