БЛ 17-то коло (трет ден)

АМСМ со целосен пресврт до победа над ЕЛЕМ

Одиграни се уште два натпревари од 17-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

АМСМ со целосен пресврт до победа над ЕЛЕМ
АМСМ 8-7 (4-6) ЕЛЕМ
АМСМ: Филип Вељановски 1', 12', Мартин Фотевски 18', 19', 23', 30', 39', Александар Миновски 26'
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 3', 9', 11', Александар Бокан 6', Диме Милевски 12', Жан Ристевски 16', Душко Ацковски 40'
Одлично прво полувреме за екипата на ЕЛЕМ која играше извонредно организиран напад со голман играч, преку кој успеваше да дојде до брза реализација за гол. Но, во второто полувреме екипата на АМСМ го возврати ударот преземајќи ги работите во свои раце со што направи целосен пресврт и заслужено го доби овој натпревар со 8-7.

Arcelor Mittal немаше доволно сили за пресврт
Arcelor Mittal 2-3 (1-1) One
Arcelor Mittal: Методија Мијовски 16', Александар Зотиќ 39'
One: Жарко Митевски 20', Славчо Петревски 27', Илхан Алити 31'
Исклучително изедначено прво полувреме во кое пред се преовладуваше фер плеј игра и на двете страни. Иако имаше по еден гол и на двете страни, се играше доста офанзивно со многу шанси за гол. Во второто полувреме One ја презеде иницијативата, заигра во вистински ритам стекнувајќи предност од 2 гола која Arcelor Mittal не успеа да ја анулира. Конечен резултат 2-3.

17 април 2014 - 08:42