Луис Хамилтон и Нико Розберг се сериозна закана за неизвесноста во Формула 1 шампионатот. Возачите на Мерцедес остварија четврта победа по исто толку извозени трки во новата сезона.
На патеката во Шангај уште од самиот старт на лидерската позиција се издвои Луис Хамилтон и таму остана до крајот кога победи со време 1:35:09.651. По 19 секунди низ целта мина и неговиот тимски колега Нико Розберг, а на третата позиција заврши Фернандо Алонсо од Ферари.
Зад возачите кои се искачија на пиедесталот завршија Рикардо, Фетел и Хулкенберг.
Следна на програмата е трката во Шпанија која ќе се вози на 11 мај.