Според Би-Би-Си, екипата на Кардиф испратила писмо до Премиер лигата со кое бараат да се поништи нивниот пораз од 0:3 од екипата на Кристал Палас одигран на 5-ти април оваа година.
Во документите составени од адвокатскиот тим на Кардиф, се вели дека тренерот на Кристал Палас Тони Пулис знаел дека спортскиот директор Јан Муди се обидел да го дознае почетниот состав на Кардиф пред натпреварот.
Тие тврдат дека имаат докази дека Муди успеал во неговата намера и со тоа ги прекршил правилата на лигата.
Јан Муди беше отпуштен од Кардиф во октомври минатата година, а веќе следниот месец беше вработен во Кристал Палас.