Герет Бејл кој со селекцијата на Велс беше дел од квалификациската група А заедно со нашиот национален тим, циклусот го завршин на претпоследната позиција на табелата, но негово отсуство од Мундијалот во Бразил нема воопшто да му наштети.
Големата ѕвезда е единствениот член од првиот тим на Реал Мадрид кој нема да патува во Бразил, но тоа практично ќе му донесе многу пари.
Додека неговите колеги по долгата натпреварувачка сезона, ќе треба со нови сили да се потат и да се борат за пехар на жештините во Бразил, тој ќе оди на неговата најисплатлива досегашна еднонеделна авантура.
Како дел од седумдневна азиска турнеја Бејл ќе треба да ги посети Индонезија и Сингапур, каде ќе присуствува на фудбалски фестивал, хуманитарен настан и ќе посети школа за тренери, а за сето тоа ќе заработи 4 милиони долари.
24 годишниот играч на Реал Мадрид за кој лани „Кралевите“ платија рекордни 100 милиони евра, има неделна плата од 360.000 евра. Само за неговато појавување ова лето, Азијците ќе му плаќаат по 414.000 евра на ден.