Атлетико Мадрид е лидер и се наоѓа на чекор до освојување на шампионската титула во Шпанија, а истовремено и се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампиони.
Многумина се прашуваат колку ли чини успехот? Кога е во прашање Атлетико Мадрид, одговорот е многу помалку во споредба со другите екипи кои се при врвот на водечките европски првенства. Челниците на Атлетико Мадрид не се расфрлаа со многу пари, туку правилно раководеа со нив.
Од екипите кои ја поминаа групната фаза во Лигата на шампиони, Атлетико Мадрид ќари најмногу од трансферите во изминатите пет години.
Филозофијата до која се држат некои клубови како на пример Реал Мадрид за користење на „финансиски мускули" со купување на најдобри играчи, не мора да значи и успех на теренот. Моделот на Атлетико Мадрид е во спротивност со таквата политика на работење.
Во изминатите пет години, два од најголемите трошаџии, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед имаат освоено помалку трофеи од Атлетико Мадрид. Реал Мадрид освои три, а Манчестер Сити четири трофеи. Атлетико дури шест!
Тоа значи дека според парите потрошени на трансфери, секој трофеј на Реал Мадрид чинел 177 милиони фунти. Трофеите на Манчестер Сити чинеле по 133, а на ПСЖ по 122 милиони евра.
Оваа математика вели дека трофеите на Атлетико Мадрид во просек чинат по 27 милиони фунти.