Во изминатото коло следниве поединци ги водеа своите екипи до победа: Арбен Нухиу кај екипата на UNIQA со дадени 6 погодоци, Ивица Вељановски кај екипата на Македонски Телеком со дадени 3 погодоци, Мартин Фотевски кај екипата на АМСМ со дадени 5 погодоци, Ивица Јанковски кај екипата на Montenegro со дадени 2 погодоци, а најдобар 5-ти играч за 17-тото коло е Кире Атанасовски кај екипата на Гранит со дадени 2 погодоци.
За голман на колото е прогласен голманот на екипата на Лукоил – Марјан Цветковски, а за тренер на колото е прогласен Нестор Алексиевски – тренерот на екипата на Македонски Телеком.
Екипа на 17-тото коло е екипата на Македонски Телеком.