Веднаш откако ФИФА и ја изрече забраната за трансфери во траење од два преодни рока на Барселона, каталонскиот гигант поднесе жалба до Апелацискиот комитет на ФИФА. Тие ја обжалија одлуката на Дисциплинската комисија за прекршувањето на правилата при потпишувањето на малолетни фудбалери и побараа да се суспендира нивната забрана.
Претседателот на Апелацискиот комитет на ФИФА го зема во предвид комплексноста на проблемот и стартот на следниот регистрациски период - 1 јули 2014 и фактот што тие не се во можност да донесат нова одлука па клубот да има време за евентуална жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Затоа претседателот на Апелацискиот комитет на ФИФА реши да ја суспендира забраната за трансфери на Барселона.
Но оваа одлука не значи дека забраната за трансфери на Барселона е целосно поништена, туку само е ставена на „чекање“, а Каталонците овој преоден рок ќе смеат да потпишуваат нови фудбалери.