Здодевно полуфинално реми

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Челси одиграа натпревар под очекувањата во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите. Домаќините имаа иницијатива и се обидуваа да обезбедат предност на првиот меч кој на крајот сепак заврши без голови.

Атлетико Мадрид - Челси 0:0

Гледачите на стадионот „Висенте Калдерон" беа сведоци на доста тврд и досаден меч на кој четата на Диего Симеоне на моменти ја плетеше мрежата пред голот на гостите, но тоа не вроди со плод. Мечот изобилуваше со многу прекини и без многу сериозни шанси,

Челси уште во 15 минута остана без Петр Чех кој се повреди во еден воздушен дуел и самиот побара замена. Атлетико притисна во последните 15 минути од натпреварот и пропушти две-три добри шанси за гол, но гостите одлично се одбранија до крајот.

22 април 2014 - 22:44