Специјалниот против непобедливите

Во завршното лудило од Лигата на шампионите првите две екипи кои вечерва ќе ги вкрстат копјата во полуфиналето се хитот на сезоната Атлетико Мадрид и Челси. Тимот на Жозе Мурињо ќе се соочи со екипа која ја урна големата Барселона и која е единствена без пораз во ова натпреварување.

Атлетико Мадрид - Челси

- Претходното соочување на овие две екипи се случи пред само две години во финалната пресметка од Европскиот Супер Куп. Шпанците триумфираа убедливо со 4:1 на меч кој се одигра во Монако и на кој во првите 45 минути Фалкао постигна хет-трик.

- Атлетико и Челси имаат само еден претходен двобој во Лигата на Шампионите, во групната фаза од сезоната 2009/2010. Лондончани славеа дома со 4:0, а во Шпанија беше 2:2.

- Челси влегува ранет во овој дуел откако се посрамоти во Премиер лигата со пораз од последно пласираниот Сандерленд со што остана со само теоретски шанси за титулата. Тоа беше прв пораз на Челси пред своја публика по 77 меча.

- Шпанскиот тим нема пораз на домашен терен од англиска екипа и има скор од 5 победи и 4 нерешени. На последните 14 гостувања во Шпанија Челси има само 3 победи.

- Атлетико Мадрид се наоѓа во полуфиналето за прв пат по пауза од 1974 година и тоа во голем стил со елиминација на Барселона. Тоа е единствениот тим без пораз оваа сезона во Лигата на шампионите и има дадено 10, а примено 5 голови.

- Составот на Диего Симеоне оваа сезона на домашен терен има фантастичен скор од 23 победи, 4 нерешени и само еден пораз кој им се случи во полуфиналето од Копа дел Реј од градскиот ривал Реал.

Поголемиот дел од типстерите веруваат во победа на Атлетико.

22 април 2014 - 11:41