5. Арчи Џемил, 1978. Шкотска - Холандија
Репрезентацијата на Шкотска беше елиминирана уште во групната фаза, но од Светското првенство се збогуваше со стил со оваа мајсторија на Арчи Џемил.
4. Ари Хан, 1978. Холандија - Италија
Холанѓанецот познат по топовскиот удар ја одведе својата репрезентација до второто финале по ред со овој гол од преку 35 метри против Италија.
3. Естебан Камбијасо, 2006. Аргентина - Србија и Црна Гора
Репрезентацијата на СЦГ доживеа дебакл и прими шест парчиња од Аргентина, но еден погодок остана запаметен како најдобар на ова Светско првенство. Естебан Камбијасо ја круниса со гол оваа прекрасна тимска акција на Аргентина со дури 25 додавања.
2. Саид Ал-Оваиран, 1994. Саудиска Арабија - Белгија
Светските првенства секогаш им ја нуделе можноста на анонимуси да станат светски ѕвезди преку ноќ. Тоа се случи со Саид Ал-Оваиран кој се прослави со овој гол во стилот на Марадона против Белгија и стана национален херој, но набргу по враќањето во татковината тој заврши во затвор.
1. Диего Марадона, 1986. Аргентина - Англија
Неверојатниот Аргентинец на Светското првенство во Мексико со слалом за аналите го помина цел тим на Англија и го постигна најубавиот гол во историјата на Мундијалите, а ако не и воопшто во историјата на фудбалот.