Сер Алекс Фергусон го одреди Дејвид Мојс за негов наследник по што навивачите на Манчестер Јунајтед веднаш му го дадоа прекарот „Избраниот", а во негова чест поставија и банер на една од трибините на Олд Трафорд.
Но Шкотланѓанецот не ги исполни очекувањата и навивачите не само што посакуваа тој одамна да си замине од клупата, туку и се обидуваа да го отстранат банерот од нивниот стадион, па истиот мораа да го чуваат со обезбедување.
Мојс си замина од Манчестер Јунајтед, а истовремено и банерот "The chosen one" си замина од Олд Трафорд.
Фамозниот банер е понуден за продажба на eBay, па ако сакате да го имате ова парче од неславната историја во својот дом, можете да почнете да се наддавате. Во секој случај, мора да имате и подлабок џеб затоа што во моментов цената му е 154.000 фунти.