Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Шпанците плаќаат најскапи карти во Лигата на шампиони

Цените на влезниците секогаш се повод за дебати, посебно на стадионите во Англија, но во случајот на четврт-финалните натпревари од Лигата на шампиони, приматот го презедоа Шпанците.

Флензбург - Вардар, Металург - Кил

На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, нашите два претставника во ракометната Лига на шампиони ги добија противниците во четвртфиналната фаза.

Американците ги избраа најдобрите од Европа

Кошаркарскиот портал HoopsHype направи листа со 25 најдобри европски кошаркари на сите времиња.

Како стрела Јапонец во Црна Гора

Во екипата на Сутјеска од првенството на Црна Гора игра Јапонецот Масато Фукуи редовно ги решета противничките мрежи од каде ќе стигне. На натпреварот против Младост тој го постигна победничкиот гол со шут од 60 метри.

ЕЛЕМ го совлада ЕВН во електричното дерби

Стартуваа возбудувањата од 15-то колово во Бизнис Лигата на Македонија.

Атланта конечно победи

Заврши црната серија на Атланта Хокс. По шест порази во серија, Атланта ја победија Филаделфија.

Ракометот во Македонија е повеќе од спорт

Се надевам дека политичарите ќе сфатат дека спортот е не најдобриот, туку единствениот амбасадор на една земја и парите наместо во статуи од бронза и бродови во непловни реки, ќе ги инвестираме во спортски достигнувања на генерациите што доаѓаат.

Барем жолт за судијава

Сосема неочекувана слика од фудбалски натпревар, ни доаѓа од МЛС, од натпреварот помеѓу Чикаго и ДС Јунајтед. Судијата тргнува во напад за кој обично тој дели картони.

Нејмар е најкористен за репрезентативните настапи

На нешто повеќе од два месеци до стартот на Мундијалот се појавија интересни детали околу земјите учеснички кои еден месец секојдневно ќе не држат пред ТВ. Скоро половина од репрезентативците кои ги однеле своите селекции на светско, играат во најсилните топ  5 лиги.

Царевите од Paddy Power со нов сеир

За царевите од маркетинг одделот на Paddy Power имаме пишувано и претходно (линк 1, линк 2 и линк 3), а викендов тие повторно си направија добра реклама со тролање на Манчестер Јунајтед и нивните навивачи.

Викенд на бизарни автоголови

Изминатово коло паднаа повеќе автоголови кои ги спакувавме на едно место. Во повеќето, најголеми несреќници беа голманите, особено оној на Бате Борисов кој со две несмасни интервенции му подари победа на противникот.

И аматерите даваат голчишта

Снимките од аматерските фудбалски натпревари нè асоцираат на лоши и калливи терени на кои се игра неквалитетен фудбал, но аматерите од Холандија нè уверија дека и тие знаат да даваат добри голови.

Анчелоти за разликата меѓу Примера и Серија А

Искусниот италијански стратег, Атлетико Мадрид го смета за италијански тим, а празнините во квалитетот во фудбалот во неговата земја е сигурен дека ќе се пополнат.

Перо Антиќ и најголемиот македонски НБА фан

Како новинар на спортскиот блог Grantland ги запозна Македонците по еден ден поминат со нашиот Боне Темелков и гордите навивачи кои го пречекаа Перо Антиќ во Торонто.

Осврт на 14-тото коло од Бизнис Лигата

Во ова коло борбата за првите 8 места стана уште по жешка и по неизвесна со што ни е загарантирана неизвесна завршница во Бизнис Лигата на Македонија.

Дербито кое мора да го гледате пред да умрете

Постои огромно ривалство меѓу Рома и Лацио, Селтик и Ренџерс, Звезда и Партизан, Фенер и Галата, Ливерпул и Манчестер, Барса и Реал... но  мајката на сите дербија е „Суперкласикото" меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт.

Европска сензација на Вардар!

Македонскиот шампион направи земјотрес во ракометна Европа. Вардар успеа да го победи европскиот ракометен шампион среде Германија и се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Уште една лекција на Металург за четвртфинале

Македонскиот вицешампион го повтори ланскиот успех од ракометната Лига на шампиони и во голем стил влегува во топ 8 фазата. Со фантастична победа од 26:30, тимот од Автокоманда го дотолчи данскиот противник Колдинг кој немаше лек за нашиот тим ниту на реваншот.

Дабл-дабл на Антиќ, но и пораз на Атланта

Перо Антиќ одигра уште една одлична партија која сепак беше недоволна за неговиот тим кој загуби на гостувањето кај Вашингтон.

За што Реал плати 100 милиони евра?!

Најскапо платениот играч во историјата на фудбалот, Герет Бејл беше сопнат од невидлив дух на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано. Сепак тој подоцна се искупи со два гола при победата од 5:0.

МЗТ остана без пласман во Еврокупот

Актуелниот кошаркарски шампион со пораз ја завршува јадранската одисеја, а со неуспехот во последниот натпревар во АБА лигата од Раднички со 87:95, ја загуби шестата позиција која ќе им донесеше ново учество во второто по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување.

Тикет на колото

Ова се нашите викенд предлози за типување. Прочитајте, препишете, уплатете и фатете пари во кладилница.

Голови на неделата

Мајсториите на Руни, Бебе, Енрике, Имобиле, Левандовски... се најдоа помеѓу десетте најдобри голови од изминатите седум денови.