МЛС ѕвездите подобри од европските

Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаа да ја сочуваат предноста против ол стар тимот од северноамериканскиот континент кој не го испочитува до крај Пеп Гвардиола.

На пријателскиот меч во Портланд, Роберт Левандовски, (не оној кошаркарот од вчера) со фантастичен волеј удар му донесе предност на актуелниот шампион на Германија уште во 8 минута.

Ол стар тимот составен од најдобрите фудбалери од МЛС лигата направи целосен пресврт во вториот дел со головите на Шон Рајт Филипс и Лендон Донован.

Искусниот американски фудбалер со победничкиот гол го заработи признанието за МВП играч на мечот, а и покрај одличната форма, Јурген Клинсман не го повика во составот на САД за Мундијалот во Бразил.

Најнезадволен по натпреварот беше Пеп Гвардиола кој го искритикува судијата бидејќи не му дал црвен картон на Вил Џонсон за грубиот старт врз Швајнштајгер, а потоа одби да се ракува со тренерот на противничкиот тим, Калеб Портер.

На изминативе 10 дуели, ол стар тимот води со 6:4 против екипите од Европа кои гостуваат во летниот период предвиден за турнири и поготвителни натпревари.

7 август 2014 - 11:18