Роберт Левандовски си најде нов клуб!

На познатиот центарфор на Баерн му најдовме истоименик во кошарката кој не ни звучи познато, освен по тоа што го носи неговото име и презиме.

Роден во Канзас (САД) на 17. август, 1989 година, Роберт Левандовски првите кошаркарски чекори ги направил во родниот град. Пред полнолетството добива покана да игра за Тексас Теч тимот, кој ќе биде негов последен клуб пред НБА драфтот во 2010. година.

Откако не успеал да најде ангажман во НБА лигата, Левандовски во 2012. година станува слободен агент и се сели во Европа, каде потпишува договор со германскиот второлигаш, Нирнберг.

Со просек од 8,8 поени и 3,6 скока по натпревар, Левандовски минатата сезона го носеше дресот на Нирнберг, по што му истече договорот. Како слободен играч, Левандовски потпиша за полскиот клуб Старт Лубљин.

Ако има барем дел од талентот на истоимениот славен фудбалер кој летово го засили актуелниот шампион на Германија, сигурно ќе му оди подобро во кариерата.

6 август 2014 - 15:20