Кој дрес ќе го повлече Јунајтед за пензионирањето на Хаурд Веб?

Славниот англиски судија се повлекува од судењето по 25 годишна кариера. Официјалната вест за неговото заминување од зелените терени е проследена како да се повлекува играч од тимот на Луи ван Гал.

Легендарниот Хаурд Веб има судено над 500 мечеви во Премиер лигата и пониските лиги на островот, а помина 11 години во најелитната англиска лига и девет како судија на натпреварите организирани од ФИФА.

Во 2010 година стана првиот арбитар кој имал можност да суди на две престижни финалиња, Лигата на шампионите и Светското првенство, а последен меч му беше осминафиналниот дуел помеѓу Бразил и Чиле на Мундијалот ова лето.

На финалето помеѓу Холандија и Шпанија на СП Јужна Африка беше жестоко критикуван откако не го исклучи Најџел Де Јонг кој му влезе со кунг фу удар на Чави Алонсо,

43 годишниот Веб беше познат по тоа што свирчето го користеше најчесто во корист на „Црвените ѓаволи“ за кои има досудено рекорди девет пенали, а за споредба шест за Ливерпул и пет за Болтон.

На социјалните мрежи го тролаат со разни коментари и прашаа дали Манчестер Јунајтед ќе му организира проштален натпревар на Олд Трафорд и напишаа дека Ван Гал е разочаран што Веб се пензионира само 10 дена пред стартот на новата сезона во Премиер лигата.

Веб и натаму останува да се бави со истата професија, но како технички директор на компанијата PGMOB која ги делегира судиите во Премиер лигата. 

Деновиве покажа дека знае да шутира паненки и тоа во агол.

 

6 август 2014 - 15:15