Омилената екипа на папата Франциско, Сан Лоренцо влезе како голем фаворит во финалето на јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампиони и тоа го докажа со играта на стадионот „Дефензорес дел Чако“ во Асунцион.
И покрај офанзивата од почетокот на мечот и деветте удари во рамките на голот, Сан Лоренцо го отвори резултатот дури во 65’ минута, кога Мауро Матос постигна ефектен гол.
Екипата на Едгардо Бауза не успеа да ја сочува предноста до крајот, затоа што ветеранот Санта Круз израмни во 93’ минута, и остави надеж за Национал пред реваншот.
Сан Лоренцо е единствениот тим од големата петорка на аргентинскиот фудбал (Бока, Ривер, Индепендиенте и Расинг Клуб) којшто го нема освоено престижниот Либертадорес.
Од друга страна, Национал ќе се обиде да стане вториот тим од Парагвај, по градскиот ривал Олимпија кој го освоил трофејот во ова натпреварување.
Реваншот е следната среда, на стадионот Нуево Гасометро, а голот во гости не важи како предност, така што со било каков нерешен резултат би се одело во продолженија.