Кога парите се поважни од верноста кон клубот

Френк Лампард си замина од Премиер лигата како легенда на Челси каде одигра 13 сезони. Но до американската авантура која поради паузата во МЛС лигата ќе му почне наредната година, скршна по друг пат кој го врати на островот во тимот на Манчестер Сити. За такви случаи навивачите не простуваат.

Емануел Адебајор

Си замина од Арсенал во 2009 година и потпиша за Манчестер Сити. Кога се сретна со поранешните колеги прво го удри Ван Перси, а потоа кога постигна гол се радуваше провокативно пред навивачите кои претходно го поддржуваа.

Ешли Кол

Беше осум години дел од тимот на Арсенал каде беше незаменлив на левата бековска позиција, но парите на Абрамович му беа послатки па замина во тимот на Жозе Мурињо во 2006 година.

Сол Кембел

Кога му заврши договорот со Тотенхем, беше на чекор да остане, но бараше поголема плата. Потоа одбра друг клуб од Лондон каде замина за помали пари. Трансферот во Арсенал го објасни со тоа што барал клуб со поголеми амбиции

Ерик Кантона

Го освои првенство со Лидс, но замина во големиот ривал Манчестер Јунајтед каде стана голема ѕвезда.

Карлос Тевез

Остана во Манчестер но црвениот дрес го смени со синиот. Со Јунајтед освојуваше титули, но не се договори за да остане и потпиша за градскиот ривал. Првиот гол го постигна токму против поранешниот клуб.

Златан Ибрахимовиќ

Го остави Јувентус кој поради скандалот Калчополи беше исфрлен во втора лига и замина во Интер. Следната дестинација му беше Барселона каде се надеваше дека ќе ја освои Лигата на шампионите. Потоа се врати во Милано, но во дресот на „Росонерите“.

Бернд Шустер 

По осум минати години на „Камп Ноу“ Шустер во 1988 година замина во Реал Мадрид. Таму не му се допадна па направи уште еден “грев“ и го облече дресот на Атлетико.

Цеск Фабрегас

„Ќе се убијам ако некогаш треба да го носат дресот на Челси“, изјави Фабрегас. Откако по долгата сага му се исполни желбата да потпише за Барселона каде се калеше како мал, се врати во Лондон таму каде што ќе се убиваше.

Роналдо

Од Барселона пристигна во Интер, каде имаше специјален третман од Морати и голема љубов од навивачите. По освоеното Светско 2002 година направи трансфер во Реал Мадрид. Со наредниот потег целосно ги разочара навивачите на Интер затоа што го одбра големиот ривал Милан.

Луис Фиго

Беше идол во Каталонија, но парите на Флорентино Перез го примамија да замине во Реал и да стане една од најомразените фигури во Каталонија.