Откако во сезоната 2011/12 Селтик среќно мина во Лигата на шампионите и покрај поразот во двомечот со швајцарски Сион, детелините и оваа година ќе добијат втора шанса.
Тогаш за Сион настапиле дури 5 нерегистрирани играчи, а летово Легија поради еден фудбалер кој не бил заведен во списокот регистрирани фудбалери доставен од Уефа, ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа.
Утката настанала во 86' минута кога на теренот влегол Бережински, играч кој лани во дресот на Лех Познан добил суспензија од три меча поради црвениот картон против Аполон.
Бережински целосно ја одлежал казната, но немал право да влезе во игра, бидејќи не бил воопшто регистриран за натпреварите во Европа.
Легија на домашен терен ги декласираше Шкотланѓаните со 4-1, а победија и во Глазгов 0-2, но убедливите 6:1 не му завршија работа на клубот, кој поради големата невнимателност натпреварувањата ќе ги продолжи еден ранг подоле, во квалификациите за ЛЕ.
Спортските аналитичари од Полска пресметале дека тие 4 минути во Глазгов, колку што имало до крајот на дуелот кога влегол Бережински, ќе ја чинат Легија 10 милиони евра, сума која би се слеала во клупската каса од ТВ правата, рекламите, спонзорствата и влезниците.