Стоян Гюроски

Стојан Ѓуроски потпиша за Левски

Македонскиот репрезентативец и досегашен играч на Луизјана Тек, потпиша 3-годишен догoвор со бугарскиот клуб Левски. Ова е првото засилување на Левски годинава.

За 203-сантиметри високиот Ѓуроски ова е прв професионален договор и прв предизвик ќе биде одржување на минатогодишниот успех на Левски - Шампион на Бугарија и освојувач на Купот.

Клубот се натпреварува и во АБА Лигата, каде Ѓуроски прв пат ќе се проба на 4-ти октомври во белградски Пионир, против Црвена Ѕвезда.

"Ѓуроски е еден од најстабилните играчи на македонската репрезентација за време на подготовките, и се очекува тој да биде водечка фигура во европските квалификации," објави сајтот на КК Левски по потпишувањето на македонскиот репрезентативец.

Ѓуроски во Софија доаѓа по завршување на школувањето на Луизијана Теч Универзитетот, каде просекот му беше 14 поени по натпревар и околу 5 скока.

Во недела македонската репрезентација го има првиот натпревар за квалификациите за Евробаскет 2015.

6 август 2014 - 20:23