Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Еврогол во стилот на Зизу

Натпреварите во германскиот Покал куп често носат изненадувања, но и фантастични голови. Таков беше оној на Фабиан Клос во победата на неговата Арминија Билефелд против Сандхаузен 4:1. Играчот за врска на Арминија начека една топка од корнер и од прва неодбранливо ја смести во агол.

Нејмар му прости на Ѕунига и го предизвика во ајс бакет

Бразилскиот ас се вклучи во хуманитарната иницијатива, во која многу јавни личности собираат средства во борбата против Лу Гериг болеста т.е. латералната склероза. Најхрабро одигра Леброн Џејмс кој го предизвика Барак Обама.

Баталете телефоните кога гледате фудбал

Според навивачите на ПСВ кога се оди на стадион треба да се гледа фудбал, а не да се дреме на фејсбук и твитер. И во право се.

Стартот на Премиер лигата низ фотографии

Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал успешно ја почнаа новата натпреварувачка сезона во домашното првенство. Јунајтед по старо, загуби од Свонси на домашен терен, а првото коло ќе го комлетира составот на Мурињо кој оди на гости кај Барнли.

Барнли – Челси

Понеделничката понуда со спорт не е богата, па затоа ви предлагаме да се изнагледате голови во прегледот од силните европски лиги, како и некој останат фудбалски меч и малку атлетика.

Јувентус не ја ферма Бенфика за Луизао

По неколку неуспешни обиди да доведат засилувања, раководните лица на клубот од Торино може да бидат тужени во ФИФА поради нерегуларно преговарање со играч на португалскиот клуб.

Лактање на велосипедска трка

Ники Терпстра и Мартин Винантс се покажаа како недисиплинирани велосипедисти кои фатија да се гураат на една угорнира на Енеко Тур во Белгија и Холандија. Откако надлежните ја прегледаа снимката Терпстра го дисквалификуваа, а Винантс го казнија со една минута. И двајцата ќе мора да платат казна по 200 швајцарски франци (165 евра).

Убиство во Аргентина во борба за превласт на трибината

Припадник на секцијата Лас Антенас починал во болница откако бил застрелан, по судирот меѓу две спротивставени фракции на аргентинскиот второлигаш Нуева Чикаго. Повредени се уште четворица навивачи на клубот кој е познат по црната хроника.

Падна и Белорусија пред македонските кошаркари

Избраниците на Александар Џикиќ остварија три од три на квалификацискиот циклус и се многу блиску до пласман на Евробаскетот во 2015. 

Федерер ќе игра за шестиот трофеј во Синсинати

На турнирот кој се смета за предигра на УС Опен, Федерер повторно покажа дека игра во одлична форма. Швајцарецот во финалето ќе игра против Шпанецот Давид Ферер, кој имаше нешто полесен пат до последниот дуел од АТП Мастерсот во Синсинати.

Вардар – Металург

За овој викенд од Спорт на ТВ ви го предлагаме ракометното скопско дерби, полуфиналињата во Синсинати во тенис, ЕП Атлетика, како и натпревари од првото коло во Премиер лигата и второ коло француско првенство.

Втора сезона на Типстер

По еден месец пауза во кој имавте фора да одморите од кладилница и да ги санирате повредите од сите за една утнати ливчиња, ја започнуваме втората сезона на Типстер.

Марадона ја темпира формата за пред папата

Аргентинската икона ќе игра во елитно друштво на активни и поранешни ѕвезди, а вишокот килограми се обидува да ги скине во теретана.

Почнува премиерлигашкото лудило

Викендов, со натпреварот Манчестер Јунајтед – Свонси (сабота, 13.45ч) ќе стартува лигата поради која после ручекот, ги бркаме девојките или жените во другата соба, легнуваме во сабота и недела закотвени пред ТВ и не мрдаме од кревет. Освен ако не одиме на поправно до кладилница.

Сите дресови од Роналдињо

Богатата колекција со дресови од бразилската ѕвезда е направена од реплики на сите негови досегашни клубови Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенто, Атлетико Миниеро и Бразил. Ги собра најголемиот негов навивач Џовани Токохуа кој успеал да купи 78 комада, а сликата на фејсбук ја постираше Роналдињо.

Немања Видиќ два часа дремел во лифт

По враќањето од Солун, каде Интер играше пријателска средба против Паок, поранешниот српски репрезентативец Немања Видиќ се заглавил во лифт.

Кога спонзорот ќе ја заврши работата

Без помошта на Пума, италијанската фудбалска федерација тешко ќе успееше во намерата да го промовира Антонио Конте во нов селектор на репрезентацијата. Ова не е прв случај една спортска компанија да помогне при ваквите договори.

Само една недела му требаше на Робињо

Бразилските фудбалери ги пука носталгија кога играат далеку од дома. Робињо се потзагуби во Милан, летово се опушти и се здебели, но за брзо време се врати во голгетерска форма во матичниот Сантос. Неговиот клуб победи со 2:0 против Лондрина во купот, а Робињо постигна убав гол и асистенција.

Вардар - Металопластика и Металург - Азоти

Од богатата петочна спортска понуда ви ги издвојуваме настапите на Вардар и Металург во Струга, четвртфинале тенис во Синсинати, Европско првенство атлетика и неколку фудбалски натпревари.

Женска бразилска мајсторија

Бразил и Германија повторно летово се соочија на едно Светско првенство, овој пат за жени до 20 години. Германките блеснаа слично како нивните постари колеги со 5:1, а потегот на мечот го имаше Бразилската Бјанка.

Рагби тепачка 15 на 15

Натпреварот меѓу Рајдерс и Коубојс требаше да биде пријателски, но само еден груб старт го расипа карактерот на мечот кој се претвори во тепачка со 30 играчи.

Африканците мора да задоволуваат жени во Тајланд за да играат фудбал

Иако можеби тоа од насловот ви звучи фино, сепак не се работи за секс по избор и желба. Фудбалери од Гана тоа го прават под присила со проститутки, а истовремено мора да продаваат и дрога за да преживеат во азиската земја каде заминале да градат кариера.

Почесниот претседател на Баерн ќе работи како собар во затвор

Еден од најпознатите фудбалски работници во историјата на Германија, Ули Хенес се наоѓа зад решетки поради затајување данок, а во затворот ќе може и да заработува.