Англискиот портал Jackpot.co.uk состави екипа од 11 фудбалери кои уживаа во коцката, а сега се мачат со долговите.
РОЈ КЕРОЛ, 30.000 фунти (пресметана загуба)
Клубови: Нотс Каунти, Манчестер Јунајтед, Вест Хем
Омилена игра: Покер
Момент на лудило: Против Тотенхем Хотспур
Најголема загуба: Во Вест Хем, Керол загуби 30.000 евра во партија покер со клупски колега. Голманот во една прилика призна дека времето во Вест Хем го поминал во коцкарска зависност и алкохол.
КЕНИ САНСОМ, 1 милион фунти
Клубови: Арсенал, Кристал Палас, КПР
Омилена игра: спортско обложување
Момент на лудило: По огромната заработка како фудбалер на Арсенал и англиската репрезентација, Сансом бил најден како спие на една клупа во парк во градот Бромли
Најголема загуба: Кога жена му добила 800 фунти на бинго, Сансом ѝ ги зел сите пари и ги ставил сингл на обложување со коњи. Сансом не престанал со комар ниту по разводот со сопругата
Последен пат виден: Работел на скеле како мајстор
ДОМИНИК МАТЕО, 1 милион фунти
Клубови: Ливерпул, Лидс Јунајтед
Омилена игра: обложување на коњи
Момент на лудило: Во жарот на неговото коцкање, Матео ставил неверојатни 200.000 фунти на еден коњ. За среќа, коњот победил.
Најголема загуба: Незадоволен од заработката на вложените 200.000 евра, Матео ставил уште 100.000 евра на друг коњ фаворит, но немал среќа како претходниот пат.
Последен пат виден: Како аплицира за менаџер на Лидс
ТОМ ВИЛИЈАМС, 900.000 фунти
Клубови: Гвилдфорд Сити, Питерборо
Омилена игра: спортско обложување
Момент на лудило: Вилијамс криел дека тајно се коцкал со влог од 30.000 евра неделно, а играл додека неговата жена и децата спиеле. Зависноста ја платил 900.000 евра колку што вредел неговиот дом во Бакингемшир, одземен од судските извршители.
Најголема загуба: Развод со неговата сопруга и позната манекенка Никол Меклин
Последен пат виден: Избегнал од фудбалскиот медиокритет во Вегас, одлично место за лечење зависност од коцка.
МЕТЈУ ЕТЕРИНГТОН, 1,5 милиони фунти
Клубови: Стоук, Вест Хем
Омилена игра: Покер и обложување на трки со кучиња
Момент на лудило: Етерингтон се кладел на трки со кучиња од клупскиот автобус, а најголемата уплата му била 20.000 фунти.
Најголема загуба: Левиот бек е можеби најголемиот коцкар во Премиер лигата, поради што тренерот на Стоук, Тони Пулис го пратил на лечење од зависност за коцкање. Кулминацијата била кога Етерингтон побарал пари за бензин од некој колега
ПОЛ МЕРСОН, 7 милиони фунти
Клубови: Арсенал, Астон Вила, Портсмут
Омилена игра: Сè и сешто
Момент на лудило: За време на 10-месечната зависност од коцка, Мерсон во една ноќ загубил 10.000 фунти кога типувал на песна за Евровизија, 5.000 фунти на куглање и 2.000 фунти на НФЛ натпревар.
Најголема загуба: Во 2008. година, Мерсон го искоцкал домот во вредност од 300.000 фунти и бил принуден да се врати во куќата на неговите родители
Последен пат виден: Како соработник на некое локално спортско студио
ДИТМАР ХАМАН, 600.000 фунти
Клубови: Ливерпул, Баерн Минхен, Манчестер Сити
Омилена игра: Спортско обложување
Момент на лудило: Во 2009. година, една обложувачка куќа од Англија го тужела затоа што не вратил коцкарски долг од 600.000 фунти
Најголема загуба: Германецот се осоколил на еден крикет натпревар, кога ставил неколку тикети од по 2.800 фунти дека Австралија ќе има повеќе од 340 ранови. За секој ран помалку на „кенгурите“, Хаман бил во загуба од 2.800 фунти на ливче. Австралија на крајот имала вкупно 237 рана, колку што Хаман имал рани. Фудбалерот на Ливерпул, на таа кладба загубил дури 288.400 фунти, по што изјавил „Секој промашен ран ме боцкаше во срцето“.
Последен пат виден: Како му одговара на Џое Бартон на Твитер, откако овој го нарекол коцкар. Расправијата траеше цели 60 меѓусебни твитови.
КЕИТ ГИЛЕСПИ, 8 милиони фунти
Клубови: Њукасл, Манчестер Јунајтед, Шефилд Јунајтед
Омилена игра: Обложување на коњски трки
Момент на лудило: Кога играл за Њукасл, Гилеспи се кладел на натпревар на кој самиот играл. Њукасл го добил тој натпревар, но Гилеспи ја загубил опкладата од која можел да земе 40.000 фунти.
Најголема загуба: Во 1995. година, Гилеспи за 48 часа ја прокоцкал целата годишна плата од 62.000 фунти на трки со коњи.
Последен пат виден: На промоција на неговата автобиографија од која сакал да врати некој од долговите.
ВЕЈН РУНИ, 765.000 фунти
Клубови: Евертон, Манчестер Јунајтед
Омилена игра: Блекџек, рулет
Момент на лудило: Во само два часа, Руни искоцкал 65.000 фунти во познатото казино Манчестер235
Најголема загуба: Во 2006. година, како 20-годишен, Вејн Руни западнал во долгови кај некои колеги од репрезентацијата на Англија. Во пресрет на СП во Германија истата година, Руни на колегите им должел преку 700.000 фунти.
Последен пат играл: Кога загубил партија блекџек, удрил и ја оштетил масата, по што му било забрането да игра до следната сесија следната година.
ЕЈДУР ГУДЈОНСЕН, 9 милиони евра
Клубови: Челси, Барселона, Тотенхем
Омилена игра: Казино игрите
Момент на лудило: Откако јавно откри дека е зависен од коцка, Гудјонсен се пресели од Барселона во Монако, каде нормално, продолжил да се коцка.
Најголема загуба: Пред 12 години, Гудјонсен на една прес-конференција открил дека во една вечер заработил 100.000 фунти и потоа, истата ноќ загубил близу 500.000 фунти.
МАЈКЛ ЧОПРА, 2 милиони фунти
Клубови: Њукасл, Ипсвич Таун, Кардиф Сити
Омилена игра: Покер, картање
Момент на лудило: Во 2011. година, лихвари дошле во тренинг центарот на Ипсвич да го бараат напаѓачот поради коцкарски долгови
Најголема загуба: Чопра и неколку фудбалери на Њукасл загубиле 30.000 фунти на покер во клупскиот автобус за време на едно гостување
Последен пат виден: Кога се откажал од британското државјанство за да заигра за Индија.