Лазаров ја задржа првата позиција за најдобар десен бек во светот во конкуренција на Ласло Наѓ од Веспрем кој заврши втор, потоа Марко Вујин од Кил кој остана трет, а последен е членот на Металург, Ренато Вугринец.
Признанието за најдобар ракометар во светот за 2014 година отиде во рацете на Никола Карабатиќ, кој имаше одлични партии во дресот на Барселона и кој со селекцијата на Франција годинава го освои Европското првенство.
За време на тринеделното гласање во изборот учествуваа вкупно 171.052 посетители на сајтот, како и 23 новинари од Европа, Азија и ЈУжна Америка.
Oва е четврта година по ред како Handball-planet организира избор за најдобар ракометар на светот. Во 2011. година, за најдобар играч беше избран Ласло Наѓ, следната година титулата ја понесе Чехот Филип Јиха, додека минатата година за најдобар играч беше прогласен Хрватот Домагој Дувњак.
НАЈДОБАР ТИМ ЗА 2014
лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона)
лев бек – Микел Хансен (ПСЖ)
среден бек – Никола Карабатиќ (Барселона)
десен бек – Кире Лазаров (Барселона)
десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
голман – Никлас Ландин (Рајн-Некар)
Дефанзивец – Тобијас Карлсон (Фленсбург)