Досегашните резултати во англискиот фудбал покажуваат дека ако се важеше само прво полувреме тимот на Мурињо и натаму ќе беше лидер, но изненадувачки за титулата ќе го бркаа две екипи кои инаку во моментов се на седмата и 11-та позиција во Премиер лигата.
Во таква ситуација фудбалерите на Тотенхем би се нашле на 16-позиција, Арсенал од шести би паднал на 13-место, а најпогубно тоа би било за Њукасл кој би се борел за опстанок.
Второто полувреме во англиското првенство најдобро го играат фудбалерите на Манчестер Сити кои во една таква табела би се нашле на првата позиција, но на само два бода пред Челси.
Ефикасни во вторите 45 минути се и екипите на Саутемптон, Арсенал и Вест Хем, тогаш се буди и Њукасл, а концентрацијата најмногу паѓа кај играчите на Астон Вила.
Избраниците на Брендон Роџерс држат златна средина и во двата случаи, а големи промени во резултатите не би имало ниту кај тимот на Ван Гал.