Седум клуба што даваат највисоки плати

УЕФА стриктно се држи до финансискиот фер плеј, по што неколку клубови имаат забрана за нови трансфери. Сепак, тоа не е причина истите тие клубови енормно да ги плаќаат играчите во составот.

МАНЧЕСТЕР СИТИ - 102.653 фунти (просечна неделна плата)

Можеби не е изненадување што „граѓаните“ се први на листава, затоа што ултра богатиот Шеик Менсур не жали пари за платите на своите играчи. И покрај тоа што се расфрла со пари, Манчестер Сити не е доминантен во домашното првенство, а уште помалку во Лигата на шампионите, каде во три години само еднаш ја пројдоа групната фаза.

РЕАЛ МАДРИД - 96.027 фунти


Кралскиот клуб е познат во светот како успешен колектив на играчи од светска класа. Галактикос најголем дел од буџетот ги дава за платите на Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Хамес Родригез. Лос Бланкос одвојуваат астрономски суми за плати, а тоа им се исплатеше лани кога по десетти пат станаа шампиони на Европа.

БАРСЕЛОНА - 94.256 фунти

Со Меси, Суарез и Нејмар во тимот, тешко да ја нема Барса меѓу првите три на листава. Изненадување е кога Блауграна нема да освои трофеј во една сезона.

БАЕРН МИНХЕН - 84.671 фунти

Баварската гордост отсекогаш била меѓу најдобрите светски клубови, а во последно време стана уште помоќен од порано. Баерн има фудбалери од светска класа на секоја позиција, но и на клупата. Управата не штеди за плати, а фудбалерите враќаат со трофеи на секој фронт.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - 83.120 фунти

Капитенот на најуспешниот англиски клуб е најскапо платениот фудбалер во Премиер лигата. Покрај Вејн Руни, астрономски примања имаат уште неколку играчи од составот, меѓу кои Анхел Ди Марија, Радамел Фалкао, Хуан Мата и Робин Ван Перси.

ЧЕЛСИ - 76.626 фунти

Миленикот на Роман Абрамович можеби има најголем фонд на играчи од сите клубови на листава. Доказ за тоа е податокот што сините имаат 25 фудбалери на позајмица. Рускиот магнат не жали пари, а колку ги сака трофеите во сите натпреварувања покажа со големиот број сменети тренери од 2003. година па наваму.

АРСЕНАЛ - 75.037 фунти

Клубот од северен Лондон ја дава седмата највисока просечна неделна плата во Европа, па затоа не чуди фрустрацијата на навивачите на овој клуб, кои ретко се радуваат на некој освоен пехар. Арсенал веќе неколку години не е конкурент за титулата во домашното првенство, а слично е и во Лигата на шампионите.

4 декември 2014 - 16:35