Кливленд гази, Атланта до петто славје по ред

Кошаркарите на Сан Антонио му ја прекинаа извонредната серија на Мемфис од 22 победи во низа на домашен терен, благодарение на одличниот Тим Данкан кој стигна до осмиот трипл-дабл во кариерата. Шарлот со звукот на сирената триумфираше над Њујорк.

Продолжува одличната серија на Хокси кои со триумфот на гостински терен против Бруклин од 95:78 сега имаат скор од 12 победи и 6 порази. Демаре Керол со 18 поени беше клучниот човек за петтата победа по ред за Атланта, а најголемиот дел од нив ги постигна во решавачката трета четвртина која ја добија со 36:13. На Перо Антиќ не му одеше шутот од поле и сите четири поени ги постигна од линијата за слободни фрлања.

24 часа по триумфот во Медисон Сквер Гарден, Кливленд го одржува победничкиот ритам, а жртва во нивниот шести триумф во низа е лидерот на Источната конференција Торонто Репторс кој го совладаа со 105:91. Леброн Џејмс постигна 24 поени и 13 асистенции, а Тристан Томпсон го заврши мечот со 21 кош и 14 скока.

Џинобили со 17 поени и Данкан со 14 поени, 10 асистенции и 10 скокови беа најзаслужни за победата на шампионот кој славеше над Мемфис со 107:102. Кај домаќините одлични партии имаат Марк Гасол со 28 поени и 12 скокови и Мајк Конли со 23 поени и 10 асистенции. Тим Данкан е најстариот играч во НБА лигата кој со 38 години успеа да оствари трипл-дабл. Карл Мелоун тоа го стори на 40 години.

Осмиот трипл-дабл во кариерата на Данкан

Забивањето на Џералд Грин против Далас

Решавачките поени на Кемба Вокер против Њујорк

Забивањето на Јанис Андетокумбо против Мајами

Цепелинот на Сиксерси

Топ 5 блокади

РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Феникс 106-118
Шарлот – Њујорк 103-102
Вашингтон – Денвер 119-89
Бостон – ЛА Лејкерс 113-96
Торонто – Кливленд 91-105
Мемфис – Сан Антонио 101-107
Минесота – Хјустон 112-114 (по продолженија)
Милвоки – Мајами 109-85
Јута – Орландо 93-98
Сакраменто – Индијана 102-101 (по продолженија)
Филаделфија – Оклахома 91-103
Бруклин – Атланта 75-98