Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

100 секунди уметност со Зизу

Кој не гледал фудбал во негово време до 2006-та многу пропуштил, а тој што гледал знае за што правиме муабет. Ова што го прави Зидан со нозете, никој друг не го прави.

Последниот гол на Марадона

Освен со фотогалеријата, роденденот на аргентинскиот великан ќе го одбележиме и со неговиот последен гол во кариерата или поточно со хируршки прецизниот лоб на мечот Бока Јуниорс - Банфилд, постигнат на 9 април 1996 година.

На Алегри му се оди по риба, Михајловиќ раскажува приказни на полувреме

Меѓу најинтересните изјави во неделава која одминува, Франческо Мориеро зборуваше за глупостите кои ги правел Роналдо, Михајловиќ раскажуваше приказни, а Масимилијано Алегри сакал да оди на риболов.

Виша сила или нешто друго

Само чиста среќа го спаси Портланд Тајмберс да остане во Плејофот на МЛС лигата. Ако Спортинг Канзас постигнеше гол од пенал, Портланд ќе испаднеше од Плејофот.

Добродојдовте на Типстер, сезона 2015/2016

Драги типстери и типстерки, кладилничари и кладилничарки, махери и малери на колото и сите вие кои сте заболени од синдромот типување/кладење, стартуваме со вашата омилена кладилница за која и натаму нема да ви бараме пари, a ќе ви даваме подароци.

Потегот за задржување време кој собра 2,5 милиони прегледи

Меделин имаше водство од 3:2 против Депортиво Кали во колумбиското првенство, а Бразилецот Елтон Мартинс во 93 минута направи потег на кои и по една година сите уживаме кога го гледаме, освен гостите кои губеа.

Скандинавките не сакаат балкански груб и цврст ракомет

Тренерот на Вардар, Данецот Јан Питлик 15 години беше селектор на Данска и одлично ги познава ракометарките кои во недела ќе му гостуваат на Вардар во Скопје.

Бездомниците на кои им се јави Гери Невил

Во Англија се регистрирани 280.000 бездомници, а тоа ги допре двете легенди на Манчестер Јунајтед. Тие го купија поранешното Градско собрание од кое ќе прават луксузен хотел, а во меѓувреме им обезбедија топла зима на неколку луѓе без покрив кои дадоа интервју за Гардијан и покажаа каде ќе живеат следниве месеци.

10 фудбалери кои видоа живот после Милан

Милан е без сомнение еден од најславните фудбалски колективи на светот, но неколку играчи кои не можеа да се пронајдат себеси на Сан Сиро, се препородија откако ги напуштија Росонерите.

Атланта фаќа ритам, Блејк Грифин во петта брзина

Во ноќта меѓу четвртокот и петокот се одиграа три натпревари во НБА, а вечерта ја одбележи Блејк Грифин со фантастичната партија за нова победа на неговите ЛА Клиперс.

Каков срам им спречи судијата на Манчестер Јунајтед

Манчестер синоќа секако го изеде срамот бидејќи беше елиминиран во Лига купот од второлигаш на пенали. Но тоа можеше да се случи и од игра. Мидлсброу кој е четврти во Чемпионшип напаѓаше со петмина играчи, а Манчестер кој е четврти во Премиер лигата се бранеше со деветмина играчи плус голманот десет. Дејли Блинд му должи пијачка на линскиот судија за ова.

Бирократските проблеми и изборот на Кројф во Барселона

Каталонците се радуваа на титулата во шпанското првенство по пауза од 14 години, но тоа за малку и немаше да се случи доколку на Камп Ноу не работеше тренерот кој го откри Јохан Кројф, од кој почна да се гради играта која и денеска ја негува Барса.

Шчесни ги научи правилата во Рим

Голот со кој Аталанта во 86 минута стигна до целосен пресврт против Лацио, не се славеше само во Бергамо, туку и на Олимпико. Навивачите на Рома славеа против Удинезе и се израдуваа што Лацио губи, а полскиот голман кој од оваа сезона брани за Римската волчица реагираше веднаш после нив. Кратко видео, ама доволно за најава на римското дерби кое се игра на 8 ноември.

Како малиот Раул дебитираше за Реал Мадрид

На денешен ден во 1994. година, стадионот Ла Ромареда во Сарагоса беше местото каде Раул Гонзалес Бланко за прват заигра во дресот на Реал Мадрид и му намести гол на Иван Заморано. Сè друго е историја.

Дивото патешествие на Сем Хатчинсон

Златното дете на Челси а сега фудбалер на Шефилд Венздеј, Сем Хатчинсон на 21 година ја прекина фудбалската кариера поради честите и тешки повреди. После неколку сезони се врати на теренот како херој и покажа дека приказните со среќен крај постојат.

Школска лекција за уривање дрон

Детево лани да рогаше топки пред стадионот во Белград кога играа Србија и Албанија, ќе се зборуваше само за фудбал по квалификацискиот натпревар кој се претвори во драма.

Атланта Хокс со ново спектакуларно шоу

Перо го немаат годинава, но имаат нова уште појака најава пред натпреварите во 3Д. Во ростерот и натаму се Кајл Корвер, Ал Хорфорд, Пол Пилсап под водство на Мајк Баденхолцер кој минатата сезона ги однесе до финалето на Источната конференција.

Дебито на Буфон на снегот во Москва

Точно 18 години еден од најдобрите голмани во светот го носи дресот на селекцијата на Италија, а првиот настап ќе го памети по тешките временски услови во Русија каде мораше да го замени Паљука.

Зошто ви е потребен мобилен на стадион?

Навивачите на Мидлзброу синоќа имаа ноќ за паметење, откако нивниот клуб го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лига Купот на пенали на Олд Трафорд. Гостинската публика прати убава слика од гостинскиот сектор.

Кафе пауза на факултет со Агуеро, Силва и Јаја Туре

Додека балканските стадиони стигнуваат во вестите поради нивната руинираност, во Англија некои стадиони ги отворија вратите за студентските кампуси каде се одржуваат факултетски предавања.

Халкбанк со целосен пресврт до победа над Систина

Во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија победи славеа Македонски Телеком, ЕВН и Халкбанк.

Топ 5 голови на Наполи во ЛЕ

Маноло Габијадини, Гонзало Игуаин, Единсон Кавани, Марек Хамшик и Чиро Ферара е изборот на УЕФА на својот Јутјуб канал.