
После 33 поени кои му ги даде на Сакраменто во првото коло, Блејк Грифин беше одличен и во втората рунда. Против Далас Маверикс синоќа уфрли 26 поени и 10 скокови по што Клиперси славеа 104-88. Кај гостите, Дирк Новицки запиша 16 поени со очаен шут од игра 7/18
Атланта, поранешниот клуб на Перо Антиќ славеше во Њујорк против Никс 112:101. За разлика од првото коло кога загубија од Детроит, Хокси синоќа делуваа на тимот од минатата сезона кој беше најдобар на Истокот. Џеф Тиг постигна 23 поени, а Ал Хорфорд 21 поен со 9 скокови. Кармело Ентони како ретко кога шутираше очајно 10/37 и на крајот имаше 25 поени:
Топ 5 поени на вечерта:
Рукито Кристапс повторно имаше одличен настап: