10 фотографии од славниот славеник Светската титула во Мексико 1986 на кое Аргентина во финалето ја совлада Западна Германија со 3:2. Голот со „божјата рака“ во четвртфиналето против Англија во 1986-та. На истиот натпревар го постигна легендарниот гол кога ја претрча цела половина. Мексиканскиот судија Ернесто Мендез му даде жолт картон на финалето 1990 кое Аргентина го загуби од Западна Германија со 1:0. На Светското првенство во САД 1994 беше суспендиран откако беше позитивен на допинг тестот. И покрај проблемите со дрогата, тој остана фудбалска икона во Аргентина. Тој и денеска е Бог за Наполитанците на кои им донесе Скудето во 1987 и 1990-та. Беше селектор на Аргентина за време на Мундијалот 2010 на кој Аргентина во четвртфинале елиминирана од Германија. Во јули 2012-та беше отпуштен од тренерската функција во Ал Васл каде работеше 14 месеци. Папата Франциско е неутрален на прашањето кој е најдобар аргентинскиот фудбалер на сите времиња.