Голот со кој Аталанта во 86 минута стигна до целосен пресврт против Лацио, не се славеше само во Бергамо, туку и на Олимпико. Навивачите на Рома славеа против Удинезе и се израдуваа што Лацио губи, а полскиот голман кој од оваа сезона брани за Римската волчица реагираше веднаш после нив. Кратко видео, ама доволно за најава на римското дерби кое се игра на 8 ноември.