Џиџи Буфон дебитираше за Италија на 29 октомври 1997 година, а првата задача му ја додели селекторот Чезаре Прандели на квалификацискиот плејоф меч против Русија за СП 1998. Во 32 минута од мечот во Москва Џанлука Паљука се повреди, а ракавиците ги облече младиот 19 годишен голман.
Кристијан Виери им донесе водство на Аѕурите, а Фабио Канаваро со автогол ги постави конечните 1:1. Италијанците беа подобри во двобојот и обезбедија пласман на Мундијалот во Франција. Од тогаш Буфон застана на голот на рекордни пет Светски првенства: Франција 1998, Јапонија и Јужна Кореја 2002, Германија 2006, Јужна Африка 2010 и Бразил 2014.
Тој е денеска рекордер по бројот на репрезентативни настапи со 152 меча. Во 2004 година Пеле го смести во топ 100 листата на најдобри живи играчи во светот, а Серија А 9 пати го прогласи за голман на годината.
Во 2001 година со преминот од Парма во Јувентус за 32,6 милиони фунти Џиџи стана најскапиот голман во историјата на фудбалот. Тој е единствениот голман кој во 2003-та ја освои наградата за најдобар играч на годината според УЕФА.