Стрелци на колото
1. Дарко Стојановски кај Гранит со 3 гола, не само што беше најпрецизен, туку и успеа да го донесе Гранит до израмнет резултат во дуелот со нималку наивната екипа на ЈСП
2. Влатко Петровски кај ЕЛЕМ беше најпрецизен со 4 гола и беше еден од најзаслужните за пресвртот кој успеа да го направи ЕЛЕМ во дуелот со Еуролник во кој издвојува тесна победа од само 1 гол предност (8-9)
3. Душко Симоноски кај Македонски Телеком се најде на вистинското место по влегување на Агрон Пацоли како голман-играч и успеа да постигне 3 гола по што се најде на листата на најдобрите
4. Иако екипата на Еуролинк беше поразена, во оваа листа секако дека имаше место за човекот зад кое име беа запишани 4 гола и одлична игра пред се во нападот, а тоа е Ивица Стефковски
5. Најдобар 5ти играч е Влатко Манев кај Македонски Телеком, кој исто даде голем придонес во пресвртот кој го имаше Македонски Телеком во дуелот со АрцелорМиттал
Тренер на колото
Александар Димковски кај ЕЛЕМ бидејќи успеа да ја задржи смиреноста во нападот кога паѓаше играта на ЕЛЕМ и со голман-играч и целосен пресврт ја одведе својата екипа до победа над Еуролинк.
Голман на колото
Илија Мандаров од ЕВН кој прими само еден гол во текот на целиот натпревар против Халкбанк.
Екипа на колото
Ја издвојуваме екипата на Шпаркасе банка, која со колективна игра дојде до победа над Адмирал.
Како најкорисни или allround играчи ова коло беа Един Скендеровиќ (ТРАНСМЕТ), Синиша Ковачевиќ (ЕЛЕМ) и Бојан Маџовски (ЕВН)