Навивачите на Барселона го видоа Јохан Кројф во новиот дрес со задоцнување од скоро три месеци. Официјалниот потпис со великанот се случи на 13 август, а тој заигра на 28 октомври 1973 година.
Холанѓанецот направи трансфер од Ајакс со кој 6 пати го освои холандскиот шампионат и три пати Европскиот Куп, а во 71-ва беше Златна топка. Барса немаше освоено титула од 1960-та и за Кројф реши да плати 922.000 фунти, речиси двојно повеќе од претходниот рекорден трансфер во светот.
Шпанија тогаш имаше забрана за купување играчи од странство, а потоа прв кој тргна кон Кројф беше Реал Мадрид. Приказната од тоа време била дека Кројф бил навреден од Реал Мадрид кој ги прекинал преговорите со него и потоа ги одбрал нивните големи ривали.
Но вистината е дека тренер во Барса во тоа време беше Михелс Ринус, кој го тренираше Кројф во Ајакс од 1965-та до 1971-ва, а во неговиот стручен штаб бил и Вик Букингем, човекот кој всушност го открил и го негувал талентираниот Кројф.
Во 2013 година Кројф за Марка изјави:
„Реал Мадрид сакаше да ме купи и Ајакс повеќе сакаше да ме прати таму. Во тоа време беше поголем клуб од Барселона, но јас отидов на Кам Ноу, поради мојот прв тренер Букингем кој ми беше и голем пријател“.
Кројф го облече дресот на Барселона и на дебито против Гранада (4:0) постигна два гола. На крајот од сезоната шампионската титула по 14 години се врати кај Каталонците, а легендарниот холандскиот фудбалер ја освои и втората Златна топка.
По 5 сезони како играч, Кројф направи кам бек во Барселона како тренер во периодот од 1988-ма до 1996 година и освои 4 титули во Ла Лига, еден Копа дел Реј, 3 во Супер Купот на Шпанија, еден Европски Куп, Куп на куповите на победниците.
Најголемите проблеми за него почнаа од цигарите.