Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Најлошиот обид за дриблинг

Видеово има преку 200.000 прегледи за еден ден, веројатно затоа што кој како го пуштил го изгледал по едно 10 пати за да се обиде да сфати што точно уствари направи Бразилецов.

Тато тебе ти е доста, сега јас ќе играм со Ибрахимовиќ

Пред 12 години селекцијата на Шведска имаше одличен напаѓачки тандем кој ја однесе својата земја во четвртфинале на Европско првенство, а летово тандемот може да го има истото име, но со една помлада и надежна генерација.

Совршените додавања на Меси до Жорди Алба

Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.

Сезона на капење или евроодисеја за македонските клубови?

Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се клубовите кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа, а своите противници ќе ги добијат на 20-ти јуни. Привилегирани на ждрепката се само Романтичарите.

Тренерот кој не се загреа добро

Клубот кој се формираше во 2009 година и тргна од петта лига, викендов за прв пат во својата историја обезбеди пласман во Бундеслигата. Во големото славје кое почна традиционално со пиво стратегот на Лајпциг, Ралф Рангник влезе во ризичен спринт кој го чинеше истекнување на мускул.

Платини си заминува од УЕФА

Француската фудбалска легенда која е на челната позиција на Европската куќа на фудбалот од 2007 година и официјално ќе си поднесе оставка.

Трчам, значи играм кај Конте

Точно еден месец пред почетокот на Европското 2016, Антонио Конте ќе треба да го соопшти конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат во Франција. Повредени и дилеми има како никогаш претходно.

Историјата на последното коло е во прилог на Барса

Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.

Како до пари во кладилница со вакви резултати

Затоа што како спортска редакција не можеме тикет да фатиме, а тешко оди и со тикетот на Мирјана кој беше добитен само еднаш, видете зошто не фаќате ниту вие. Избравме едно 15 натпревари само од ова претпоследно коло и тоа само од топ 5 лигите кои завршија онака како што не треба. Не може бре Јуве и Атлетико да губат од Верона и Леванте.

Симулација на мајтап

Петар Шкулетиќ од Локомотив Москва се обиде да види каква ќе биде реакцијата на Еквадорецот Нобоа ако одглуми дека го удрил со неговото раме.

Грмеше во Верона за Лука Тони

„Тони заменик-градоначалник“, „Клонирајте го“, „Како него нема никој друг“, беа само дел од паролите испишани од навивачите на Верона на мечот против Јувентус кој беше последен во кариерата на високиот центарфор. Тони од пенал со Паненка го постигна 324 гол во кариерата на 344 натпревар. Го заменија во 85’ минута кога целиот стадион стана да го поздрави шампионот.

Селфи фото и видео од соблекувалната на Вардар

Со триумфот над Шкупи од 2:0, црвено црните на едно коло до крајот на сезоната се на 5 бода пред Шкендија и со тоа стигнаа до својата јубилејна 10-та шампионска титула во својата историја. Поради казната од ФФМ, мечот го играа во Пробиштип од каде почна славјето.

Драматичната разврска за титулата во Холандија

Фудбалерите на Ајакс и ПСВ се актерите кои го донесоа највозбудливиот финиш оваа сезона во однос на решавањето на титула во европскиот фудбал. Виновен за тоа е тимот од Амстердам кој киксна против екипа која е веќе во втора лига. 

600 пати благодарам Тоти

Последното коло за Рома на Олимпико оваа сезона беше Totti day. Капитенот кој остаре во истиот дрес од 92-ра, денеска против Киево одбележа 600 настапи во Серија А (само Малдини и Занети имаат повеќе). 55.508 гледачи направија спектакл во негова чест, а за збогум не стана збор бидејќи се очекува да го официјализира договорот за уште една година. На 27 септември полни 40 години.

Утешно трето место за Вардарки на Ф4

Трета година по ред, ракометарките на Вардар го освојуваат третото место на финалниот турнир на најдобрите 4 екипи од континентот. Во Будимпешта: Вардар - Будуќност 30:28.

Пет меча со 100че носат 1.500 денари

Уште еден предлог тикет на Мирјана во претпоследното коло од националните фудбалски првенства.

Андреа Бочели пееше, Лестер го крена трофејот

Славниот италијански тенор, Андреа Бочели испеа една две од своите фамозни арии пред почетокот на мечот Лестер - Евертон. Бочели во Англија дошол на покана на неговиот пријател Клаудио Раниери. Капитенот Вес Морган го крена трофејот.

Урликот на Грофот

Тренерот на Црвена звезда, Миодраг Божовиќ долги години во играчката кариера носел одело пред секој тренинг и натпревар по што го добил прекарот Гроф. На денешниот меч Звезда - Војводина толку многу го пцуеше судијата што докажа дека оделото не го чини човекот.

Дебакл на Вардар на Фајнал Форот во Будимпешта

Ракометарките на Вардар ниту трет пат по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарки беа огромен фаворит, но загубија од дебитантот на Ф4, Букурешт 27:21.

Модриќ се извини

„Ме понесе еуфоријата. Незгодно ми е, затоа што тоа не е мој обичај. Се извинувам и на Скомина и на сите, кои ги навредив пред се во Словенија", изјави Лука Модриќ.

Мидлзборо и Барнли се нови премиерлигаши

Благодарение на подобрата гол разлика од директниот ривал, Мидлзборо успеа да се пласира во Премиер лигата и покрај ремито од 1:1 со Брајтон. Убедливо прв во Чемпионшип е Барнли кој пласман обезбеди минатиот понеделник.