На Еврошампионатот во Португалција 2004, Швеѓаните се најдоа во четвртфинална битка против Холандија и беа елиминирани на пенали, а во напад го имаа силното и водечко дуо на репрезентацијата Златан Ибрахимовиќ – Хенрик Ларсон.
Истата година Ларсон со Селтик ја освои двојната титула во Шкотска, а една година претходно стигна и до финале во Купот на УЕФА кое го загуби од Порто на Мурињо.
Тогаш малиот Мајкл Ларсон имаше само 7 години и трчаше на Селтик Парк со шампионскиот состав на Селтик, а татко му стана легенда на клубот за кој придонесе со 242 голови за 7 сезони и освои вкупно 8 трофеи.
Од тогаш поминаа 12 години, а улогите на таткото и синот се променија. Хенрик не е активен играч од 2013-та и е тренер на Хелсинборг каде играше три сезони и каде што е роден, а погодете што прави син му?
Тој е фудбалер и член на клубот кој го тренира татко му. Џордан Ларсон следниот месец ќе полни 19 години, а за Хелсинборг дебитираше на 17. Додека татко му настапуваше на Камп Ноу, тој се калеше во Ла Масија.
Викендов тој го направи татко му горд бидејќи не само што постигна одличне гол со волеј, туку успеа да му донесе триумф на Хелсинборг од 2:1 против Малме во дерби кое 5 години го немаа добиено.
За Џордан кој инаку е крстен по Мајкл Џордан, ова е четврти гол сезонава на 8 настапи, а шведските медиуми пишуваат дека е иднината на шведската репрезентација која се надеваат дека летово во Рио ќе го има тандемот Ларсон-Ибрахимовиќ.
Не е лошо и ова да го видите против АИК