Шпанска Ла Лига

Историјата на последното коло е во прилог на Барса

Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.

На „Кралевите“ дури четири титули им избегале пред последниот чекор (1928/29, 1982/83, 1991/92 и 1992/93). На Барса ниту еднаш, а други жртви на губење шампионски пехар во последната рунда се Севиља (1939/40), Атлетик Билбао во 1946/47 и Депортиво Ла Коруња во сезоната 1993/1994.
 
Четири екипи во историјата ја освоиле титулата во последното коло во кое влегле како второпласирани а на крајот му се радувале на трофејот: Атлетико Мадрид во сезоната 1939/40, Валенсија 1946/47, Атлетик Билбао 1982/83 и Барселона во 1928/29, 1991/92, 1992/93, 1993/1994.
 
Пред последното коло на Примера, Барса е прва со 88 бодови, Реал има 87. Каталонците гостуваат во Гранада која извесно се избори за опстанок во лигата, а Реал Мадрид оди на гости кај Ла Коруња која што со триумфот над Виљареал во неделата, го осигура опстанокот во лигата.
 
Последен пат Ла Лига го сменила лидерот во последното коло на 14. мај 1994. година.
 
Една од најдраматичните завршници Примера имаше во 1992. година кога Реал Мадрид беше лидер пред Барселона и гостуваше кај Тенерифе. Кралскиот тим водеше 0:2 и кога сите мислеа дека сè е готово, Тенерифе направи пресврт 3:2 и Барса неочекувано стигна до вредниот шампионски пехар.
 
 
Ништо помалку драматична беше и сезоната 1993/1994 кога Депортиво ја загуби титулата во последното коло после промашениот пенал на Мирослав Ѓукиќ во ’90-та минута:
 
 
Четири пати Барселона и Реал Мадрид се бореле за титулата без други кандидати. Последен пат во сезоната 2009/2010:
 

Сезона 1959/1960:

Последно коло, Барселона - Сарагоса 5-0, Лас Палмас - Реал Мадрид 0-1.

Сезона 1991/1992:

Барселона - Атлетик Билбао 2:0, Тенерифе - Реал Мадрид 3:2.

Сезона 1992/1993:

Барселона - Реал Сосиедад 1:0, Тенерифе - Реал Мадрид 2:0.

Сезона 2009/2010:

Барселона - Ваљадолид 4:0, Малага - Реал Мадрид 1:1.

Натпревари од последното коло кога лидерот ја губи титулата:

1. 1928/29, Атлетик Билбао - Реал Мадрид 2:0
2. 1939/1940, Еркулес - Севиља 3:3
3. 1946/1947, Депортиво - Атлетик Билбао 3:3
4. 1982/1983, Валенсија - Реал Мадрид 1:0
5. 1991/1992, Тенерифе - Реал Мадрид 3:2
6. 1992/1993, Тенерифе - Реал Мадрид 2:0
7. 1993/1994, Депортиво - Валенсија 0:0.