ПРЕМИЕР ЛИГА
Астон Вила – Њукасл 0:0 (Гостите се борат за опстанок, двојката е 1.65 и не победуваат)
Сандерленд – Челси 3:2 (И покрај тоа што Челси не игра за ништо, а Сандерленд се бори за опстанок гостите беа фаворити и на полувреме водеа 1:2. На крајот 3:2 за Сандерленд. Коефициент за кец беше околу 3)
Вест Хем – Свонси 1:4 (Вест Хем беше апсолутен фаворит и се очекуваше лесна победа против Свонси бидејќи брка излез во Европа. Кецот беше 1.45, а двојката 7. Се случи дебакл.
Тотенхем – Саутемптон 1:2 (Исто како Вест Хем и Саутемптон брка место за пласман во Лига Европа, но му гостуваше на тимот кој сезонава се бореше за титула. Кецот беше 2.00, а двојката 3.40. Плус Тотенхем веројатно не планира да го загуби второто место.
БУНДЕС ЛИГА
Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 1:0 (На две кола до крајот Борусија за да стане шампион треба да освои 6 бода и да чека два порази на Баерн, што е тешко остварливо, но не е невозможно, види го Ајакс. Но Милионерите за кои двојката беше околу 1.50 загубија од екипа која се бори за опстанок.
Хановер – Хофенхајм 1:0 (Хановер е веќе испаднат, а Хофенхајм сè уште се бори за опстанок и не ја дава двојка)
Херта – Дармштад 1:2 (Кецот беше околу 1.80 и на Херта и требаат бодови затоа што се бори за Лига Европа, но загуби од екипа која се бори за опстанок)
Шалке – Аугсбург 1:1 (Идентична ситуација во која се борат екипи за Лига Европа и опстанок. Посилниот пак не победува)
СЕРИЈА А
Карпи – Лацио 1:3 (Двојката за Лацио беше околу 3 коефициент бидејќи не играше за ништо. Ден претходно Милан славеше против Болоња со што шансите за пласман во ЛЕ на римјаните математички им беа загубени. Карпи се бори за опстанок и губи дома.
Фиорентина – Палермо 0:0 (По 13 кола без триумф, Палермо врза две победи по ред и ја продолжи борбата за опстанок против екипа која математички е во Лига Европа. Плус коефициентот за ГГ3+ беше под 2, нетипично за Серија А. Ќорав гол не падна.
Фрозиноне – Сасуоло 0:1 (Домаќините се борат за опстанок и губат дома, пораз кој им донесе Серија Б)
Сампдорија – Џенова 0:3 (Пред градското дерби коефициентот за Сампдорија беше помал, можеби затоа што сè уште математички не беа спасени од испаѓање. Џенова не играше за ништо, но им пикна 3 гола.
Верона – Јувентус 2:1 (Верона е веќе второлигаш и со само 4 победи во цела сезона го пречекува шампионот кој има само 4 порази. Ја дава кец, коефициент 6.
ЛА ЛИГА
Леванте – Атлетико Мадрид 2:1 (Тимот на Симеоне е во игра за титула, двојката е 1.20 и губи од екипа која е веќе испадната. Кец во една наша кладилница беше 14)
ЛИГА 1
Лил – Генгамп 0:0 (Кецот беше 1.40 затоа што домаќините се борат за Лига Европа, а гостите за ништо)
Ајачио - ПСЖ 0:4 (Ајачио се бори за опстанок, а ПСЖ е шампион од март месец)
Имавте ли добитни тикети ова коло? :)