Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Босанскиот боем по кого се крстеа деца во Италија

Но ова не е приказна само за фудбалот. Италијанците ден денес прераскажуаат како Блаж Слишковиќ со тренерот Галеоне пречекувал рани зори во италијанските таверни, како пиел по 10 кафиња на ден, а има и анегдота дека еднаш некој го видел без цигара во рака.

Деца од Ла Масија го повторија првиот гол на Меси

Пуиг како Роналдињо и Џејми како Меси во епизода од мечот Барселона - Албасете одигран на 1 мај 2005-та, кога Меси на 17 години стана најмлад стрелец во историјата на Барселона. Разликата на овие два гола е во тоа што Меси ја чекаше да тапне.

Шпанија - Франција во финале, Франција шампион

Француска спортска компанија направи целосни предвидувања за ЕП 2016. Кој ќе ги освои групите, кој со кого ќе вкрсти во нокаут фазата, кој ќе игра во финале и кој ќе биде шампион. Домаќините ќе го освојат пехарот по пауза од ЕП 2000. Ако биде вака, супер ќе биде за гледање бидејќи и двете полуфиналиња личат на финале.

Рејкјавик ќе има 15 играчи на Европско, Милан двајца

Ливерпул и Јувентус во Франција на Европското ќе имаат по 12 фудбалери, а главниот град на Исланд е рекордер со 15 репрезентативци. Милан со никогаш помалку репрезентативци во последните 30 години.

Конечно некаков напредок на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 139 позиција на најновата ранг листа на ФИФА.

Ибра дојди кај нас, ќе те направиме крал

Шведскиот репрезентативец долго време силно се поврзува со Манчестер Јунајтед каде би работел со неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, но во меѓувреме му стигна необична понуда од Германија.

Следи ја формата на играчите на ЕП 2016

Во конкуренција на 552 фудбалери кои ќе настапат на престојното Европско, во моментов на трето место според формата е францускиот репрезентативец Димитри Паје кој со мајсторијата од слободен удар против Камерун се искачи високо на листата која оди вака.

Билиќ: Ни Фергусон, ни Анчелоти, Жељко е најдобар во Европа

Најдобриот хрватски тренер Славен Билиќ кој имаше фантастична сезона со Вест Хем во Премиер лигата, изјави дека во фудбалот нема тренер кој што му е до колена на Жељко Обрадовиќ.

Интервјуа со фудбалерите кога не биле познати

Меси како и ден денес, скромен, не крева многу џева. Роналдо со фризура со која би му се смееле и во една скопска населба, Златан дрзок како и секогаш, Бекам како клинец,

Малдини: Не би се вратил во ваков Милан

Легендата која 902 пати го облече истиот дрес зборува за состојбата во клубот каде мина 25 години. Тој смета дека една од грешките на Милан е што мислеше дека големите играчи ќе може да ги замени со помалку квалитетни и така ќе стигне до нови успеси.

Патот до Италија со Пеџа пијаницата

Одиме со втор дел од приказната на Делии за Бари, напишан од некогашниот нивни водач Зоран Тимиќ. Во првиот дознавте како се спремале за пат, шиеле знамиња и поминале низ ризичната Хрватска за да набават бакљи. Сега на ред е патешествието до Италија со пиво и виски.

Попуст за секој примен гол на Хрватска и Албанија

Еден паб во центарот на Белград решил да ја следи народната „на комшијата да му цркне кравата“ и тоа во пресрет на Европското првенство во фудбал.

Да не е на даљинско топкава?

Кога Бобо Виери во 97-ма му даде гол на ПАОК од мртов агол, коментаторот рече „импресионанте голацо“, а мајсторијата одеше на најавните шпици. Сега таа линија е поместена, барем на тренинзите каде се појавува Кварезма кој се загрева за Европско и кој не е престарен со 32 години.

Најчудниот фудбалски натпревар на кој златниот гол вредеше за два

Некои случки од историјата на фудбалот изгледаат нелогични и тешки за објаснување, па ако нешто не ви е јасно за оваа жалиме што ќе мора така да остане така. Одиме со приказната која е поткрепена со видео.

Ѓоковиќ прослави победа со детето за топчиња

На Ноле му годи Париз. Покажа и вчера кога на дожд зема чадор и се шеташе по теренот, а и денес кога со едно од децата задолжени за победа ја заигра публиката. Со денешниот триумф проти Густаво Аутиста Аху (играа три дена поради дождот), Србинот се пласираше во четвртфиналето каде ќе го чека подобриот од мечот Ферер - Бердих.

НБА финале кое не може да разочара

Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.

Прати штоп

Кога Стивен Џерард ќе асистира вака опасно, потребно е само топката да заврши кај снаодливо дете кое со ова смирување на топката, му даде многу поголема тежина на голот. Мајк Маги и не е баш дете, бидејќи има 31 година.

Нè чека месец дена добар фудбал

Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?

Кој ќе носи капа

Местото каде цела сезона типувате без пари, а ние за тоа ви даваме кредити, стигна до претпоследната етапа во која имаме тројца нови Типстери кои ќе добијат подароци.

Магијата на Пол Гаскоњ на ЕП 1996

На 10 дена до фудбалскиот празник на годината, се враќаме 20 години назад на мечот Шкотска - Англија.

Запри дожду да се игра

Отвореното првенство на Франција е немоќно секогаш кога има дожд. Ролан Гарос е единствениот Гренд Слем без покриен централен терен, а причините за тоа лежат во сложената париска бирократија и корупција. Од година во година дождот им прави мака на организаторите.

Подготовки за финалето меѓу Звезда и Марсеј

Годинава се одбележа четвртина век од славната титула на Црвена Звезда која ја освои Европа. На финалето во Бари и дуелот Панчев - Олмета се потсетуваме секоја година, но мозаикот со тие историски денови за југословенскиот фудбал не е целосен без навивачите.

Бириндели и најјакиот звук на пречка-гол

Легендарниот десен бек на Јувентус, Алесандро Бириндели за Старата дама играше цели 11 години и на 196 меча постигна само два гола. Едниот од нив вреди за сите натпревари.

„Во фудбалот и животот има нешто повеќе од пари“

На 10 години бил сведок на страшна трагедија во семејството и долго време бил повлечен во себе. Со помош на вујко му и баба му се издигнува и станува капитен на полската фудбалска репрезентација.