Двајцата постари браќа на Лионел Меси се родиле на почетокот на ’80-те години, кога во Аргентина владеела диктатурата на Хорхе Рафаел Видела и се броеле загинатите во Фолклендската војна (судирот со Британија за Фолклендските острови).
На денот кога на свет се појавил наследникот на Марадона, во Росарио и другите аргентински градови започнале масовни протести со експлозии. Тогаш го усвоиле и законот за „Задолжително потчинување“ кој бил оправдание за злосторствата кои ги починиле полициските акции на протестите против економската криза.
Таквото тешко време не можело ништо против фактот дека семејството Меси отсекогаш го сакало фудбалот: како по таткова, така и по мајчина линија. Не случајно родителите на идниот добитник на „Златната топка“ се земале за време на СП 1978. година, а за мечот Аргентина - Бразил се вратиле во Росарио од медениот месец.
Потоа Хорхе и Селиа Меси го добиле синот кој го крстиле Лионел. Првиот ден од раѓањето, дедо му и тетка му, му подариле дрес со амблемот на Њуелс Олд Бојс, а три години подоцна родителите на најмалиот син за роденден му купиле најважен подарок - фудбалска топка.
Спортската традиција на семејството, вродениот талент и тематските подароци го приближиле Меси до играта во која 20 години подоцна ќе ја игра подобро од било кој друг на светот. Но тоа немало да се случи ако Лео не бил опкружен од луѓето кои ги сакал.
Мама - Селија Марија Меси (моминско Кучитини)
Секојпат кога Селија Меси пристигнува во Барселона, таа одела на пазар да купи се што е потребно за спремање на шницла на неаполитански начин. Тоа било омилено јадење на нејзниот син. Таквиот гастрономски потфат лесно се објаснува затоа што кон крајот на 19 век прадедо му на Лионел со семејството од италијанскиот град Анкона се преселил во Аргентина.
Анкона е многу далеку од Неапол, но вкусната храна и гастрономската традиција на овој град не била толку далеку. Така што во успехот на Меси не се замешани само аргентински и каталонски производи, туку и италијански рецепти.
Кога Селија доаѓала на гости кај Лео, таа го спремала неговото омилено јадење неколку пати неделно, за Меси да не го заборави вкусот на домашната храна и колку е можно да ужива во омилената храна. „Благодарение на мојата неаполска шницла тој дава толку голови“, вели мајката на најдобриот стрелец во историјата на Барселона.
Мајка му го сакала фудбалот уште пред да се роди Лионел и навивала за Марадона кого го нарекувала „Бескурпулозниот ѓавол“. Кога Селија еднаш го сретнала Диего во Буенос Аирес му рекла: „Се надевам дека син ми некогаш ќе биде голем фудбалер и вие ќе го тренирате“. И така се случи.
И покрај фактот што Лео се родил после 1986. година, не го нарекле по авторот на фамозниот гол со рака во голот на Англичаните. Се зборуваше дека Меси го добил името по американскиот пеач Лионел Ричи кој и бил омилен на Селија. Кога била бремена таа повеќе слушала музика отколку што гледала фудбал. После тоа, кога Лео заминал во Шпанија, сењора Меси-Кучитини ја напуштила работата хигиеничарка и се фокусирала на семејството каде покрај нејзините три сина растела и малата ќерка Марисол. Селија уште живее во Росарио, но како и пред 30 години таа секаде го следи својот син: Нејзиниот портрет Меси го истетовира на левата плеќа.
Татко - Хорхе Меси
Пред Лео да стане професионален фудбалер, неговите родители работеле на градилишта, поправале фрижидери и чистеле подови. Во младоста, таткото на Меси играл во средниот ред и настапил дури и за Њуелс Олд Бојс, но потоа го викнале во војска и професионалниот спорт морал да почека.
Времето поминало и дошол 17. септември 2000 година. На овој ден Хорхе за рака ќе го држи 13-годишниот Лео на патот во Барселона каде ќе започне новиот живот за целото семејство Меси. Кога Лионел наполнил 14 години, татко му се збогувал од должноста начелник во челичната компанија и почнал да ги води работите за талентираниот син.
Во 2013. година, Хорхе западнал во случајот со затајување данок, а во летото 2016-та со неговиот син условно ги осудија на 21 месец затвор.
„Потпишував што ми даваше татко ми. Моите адвокати ми потврдија дека можам да потпишувам“, признал на суд Меси летово.
За неговата фамилија тоа била многу непријатна ситуација, но Хорхе останал сакан татко и единствен застапник на Лео уште од 2005. година. Хорхе Мендез еднаш изјави дека немал намера да соработува со Аргентинецот „затоа што татко му одлично си ја води работата“.
Голем учител во животот освен татко му му бил и постариот брат Родриго („Секогаш ми даваа совети и ми помагаа најдобро што можат“). Поради нив Меси првиот гол за Аргентина го посвети на Хорхе. Во книгата за аргентинскиот напаѓач („Меси. Екслузивна биографија“) Лука Кајоли го прашува фудбалерот за односот со татко му:
„Ние сме другари и пријатели, иако не оди се глатко. Понекогаш се грижи за ситници и тоа ме нервира“, вели Меси во книгата. Сега Меси постариот редовно постира фотографии поврзани со Лео. „Многу сме горди на него. Се што постигнавме заработивме со голема мака“.
Постариот брат - Родриго
Лео ја обожувал едноставната храна која му ја спрема мајка му, но добро готвел и брат му кој бил гурман. Сега Родриго работел како шеф во кујната на ресторанот кој браќата Меси го отворија во центарот на Барселона. Но наместо софистицирана гастрономија, главната ѕвезда на Камп Ноу ги сакал едноставните аргентински печени колачиња алфахорес.
Кога во детството го прашале Лео кои му се омилени играчи, тој викал брат ми Родриго и братучед ми Макси. Како мал Родриго одел на тренинзи но не мислел на фудбалска кариера. Сега Родриго има три деца (Аугусто, Морена и Бенџамин) и често им раскажувал за чичко им Лионел.
„Еден ден ми кажа дека сакал да ја добие Златната топка. Тогаш имаше 13 години“, се сеќава најстариот од браќата Меси. Родриго раскажал дека Лео на секој роденден барал само фудбалска топка а кога ќе му донеле нешто друго плачел. Лео и неговите фудбалски успеси се главна тема во семејството.
„Дома за време на ручекот зборуваме само за него и неговиот талент“, се смее Родриго кој смета дека Лео е најзначен претставник на фамилијата после татко му.
Средниот брат - Матијас
Лео никогаш не успеал да го разбере патот по кој тргнал неговиот прат. Пред неколку дена Матијас (првпат во 2008. година) бил осуден поради нелегално поседување на оружје. Братот на познатиот фудбалер едно време плаќал и по 530 долари месечно во борбата против зависноста од алкохол и дрога.
Заедно со мајка им, Матиас раководи со хуманитарната организација «Leo Messi Foundation», го воспитува синот Томас (кој многу личи на Лео) и го истетовирал брат му во дресот на Аргентина на левото раме. Оваа тетоважа Матиас Меси редовно се појавува на разни форуми. Меси-средниот има профил на Твитер на кој има само филозофски цитати и фотографии со помалиот врат, но го кориси и за конфликтни коментари со навивачите на Реал Мадрид. Матиас е познат токму по конфликтите со Мадриѓаните.
Еднаш ставил фотографија на која ги споредувал трофеите на Меси во Барселона и Кристијано во Реал со коментар: „Ќе ви ставам една фотографија, мислам дека ќе ви се допаѓа“, напишал после поразот во финалето на Копа Америка во 2015. година.
Меѓутоа немој да мислите дека само Матиас е главниот хулиган кој бара конфликти зад срамежливиот Лео. Со својот постар брат ги поврзува една не баш убава сторија во која фигурира и оружје. Пред неколку години му се заканувале со пиштоли на некој велосипедист од неговото Ауди Q7 на бензиска пумпа. Се испоставило дека пиштолите биле играчки, Родриго бил ослободен но стравот на велосипедистот траел неколку недели.
Сестра му - Марија Сол
Сестра му на Лионел е најмала од сите а скоро никој не ја знае по име, туку ја знаат како сестра на петкратниот добитник на „Златната топка“. Откако неколку години живеела со Лео во Шпанија, Селија со малата Марисол морала да се врати во Росарио: „Сестра ми се врати во Аргентина, затоа што во школо сите зборуваа Каталонски јазик и таа плачеше зошто не ги разбира“, се сеќава славниот Лионел кој најмногу учел Каталонски од Жерар Пике.
Сега Меси ги учи Луис Суарез и Иван Ракитиќ: Во договорот на секој фудбалер на Барса е предвидено играчот да мора да го научи каталонскиот јазик како службен јазик за комуникација во клубот. Од Некаталонците во Барса овој јазик успеал добро да го совлада само Андрес Иниеста.
Марисол е шефица за односи со јавноста на семејството Меси. Благодарение на фановите на Лео, неговата службена страна има многу претплатници. Марисол како портпарол на Лео аплоудира фотогтрафии од кои шпанските медиуми дознаваат дали се е во ред со Лео и неговото семејство. На пример кога сите го чекале раѓањето на првото дете на Меси, фудбалерот им рекол на новинарите да ја следат страната на Марисол.
Најмладата во семејството Меси живее со мајка му во Росарио и слободното време го поминува со пријателите и роднините. Посебно сака да си игра со децата на Родриго - малите Бенџамин и Морено. Во тешките моменти таа секогаш го поддржува Лионел
„Кога има некои тешкотии или кога е повреден, доаѓам кај него, го фаќам за рака и седиме во тишина“, вели Марисол.
Жена - Антонела Рокуцо
Лионел важи за многу скромен и чесен дечко (потврда за тоа ни даде и Давид Бабунски во ланското интервју). Поради тоа се одлучил да не бира некоја супер-манекенка или светски познат модел, туку за девојката од неговата населба во Росарио. Во почетокот нивната врска почнала како голема љубов меѓу синот на чистачка и ќерка на сопственик на дуќан. „Еден ден ќе ми бидеш девојка“, ѝ пишал малиот Лео на својата сакана која е година дена помлада од него.
Тие се запознале преку Лукас Скала, најдобриот другар на Меси во детството. Заедно се дружеле на кејот на реката Парана и гледале како проаѓаат бродовите. Скоро сите мислеле дека се во голема љубов, но тоа се случило многу подоцна. Во прилог на тоа оди и легендарната фотографија на која Лео стои во дрес на Њуелс а до него една црнокосо девојче со лукава насмевка.
Потоа Меси заминал во Барселона, а Антонела останала во скромниот Росарио. Во 2004. година, 17-годишниот Лео на кратко се вратил дома и според една верзија кога одел по улицата ја видел девојката што ја сакал како дете. La Negra (црната), како што ја викале Антонела во детството тој ден не отишла во школо и така се развило веќе познатото сценарио.
Девојката сакала да биде стоматолог, но после шест месеци учење за заболекарка разочарана се префрлила на факултетот за Социјални комуникации. Пред завршувањето на студиите се преселила кај Лионел во Шпанија.
На 2. јуни 2012. година Аргентина во Буенос Аирес со 2:0 го совлада Еквадор. После голот во 32. минута, Меси ја зема топката и ја стави под дресот. Така му раскажа на светот дека со Антонела чекаат дете. Претходно Меси и Ронкуцо во голема тајност го чуваа својот приватен живот и тоа беше прв семеен перформанс.
Сега Лео и Антонела воспитуваат и подигнуваат две деца, но и натаму живеат во граѓански брак. Иако имаше информации дека се венчале на неговата луксузна јахта, Лионел тоа никогаш не го потврдил.
Деца - Тиаго и Матео
Тиаго Меси е првиот син на четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите. Се роди на 2. ноември 2012. година. „Фала му на Бога за овој подарок. Се роди Тиаго а јас сум најсреќниот човек на светот“, напиша Лионел на својот Фејсбук и за таа прилика нацрта тетоважа на левата нога.
На 19. септември 2016-та година, Тиаго заедно со синовите на Пике и Суарез тргнаа на првиот тренинг во животот во фудбалската школа на Барселона (FCB Escola). Ова е нов проект на Барса во кои може да учествуваат само децата на фудбалерите и клупските работници од три до шест години. „Нема да му купувам многу топки и нема да го терам да игра фудбал. Но ако заигра овде, тоа ќе биде добар почеток“, вели тато Лионел.
Матео се родил на Националниот ден на Каталонија на 11. септември 2015. година, што многу ги израдува навивачите на Барселона. Новиот член во семејството Меси многу го израдувал малиот Тиаго.
Домашни животни
Во домот на најдобриот фудбалер на светот живеат две кучиња. Првото има три години и го викаат Тоби, а второто се вика Халк кој има неколку месеци и кој на Лео му го подарила жена му. Халк пораснал многу брзо.