Напаѓачот на Евертон, Данкан Фергусон станал првиот британски и воопшто европски играч кој завршил во затвор поради прекршок на фудбалски терен.
Додека настапувал за Глазгов Ренџерс во 1994. година, пред да замине во Ливерпул каде потпиша со Евертон, 193 сантиметри високиот центарфор се нашол во дуел со противнички играч. По кратко туркање, Данкан ги загубил нервите и со глава го удрил Џок МекСтеј од Рејт Роверс поради што му ја расекол усната и му го повредил носот.
Во 1994. година шкотскиот фудбал бил толку суров што Фергусон верувале или не, не добил ниту жолт картон за страшниот удар со глава. Но инцидентот на големо го осудувале новинарите, судискиот комитет ја признал грешката на арбитарот и полицијата поднела кривична пријава против високиот Данкан. Потоа следуваа гласини дека обвинителот во судот навивал за Селтик.
На суд немало сведоци, но и покрај тоа Фергусон добил три месеци за тешкиот фаул и поминал 44 дена во Барлини, најголемиот затвор во цела Шкотска. Таму тренирал, трчал кругови околу дворот со вештачка трева со црвена боја за на неа да не се познаваат траги од крв од редовните тепачки меѓу затворениците.
Среќна околност го снашла Фергусон што од затвор потпишал договор со Евертон. Додека траела истрагата претходно, Ренџерс договорил позајмица на шпицот во клубот од Ливерпул каде се било така тажно: Евертон бил последен на табела, а стадионот од 40.000 гледачи бил исполнет само на две третини и делувал тивок.
После три меча по доаѓањето на Фергусон, тренерот на Евертон бил отпуштен и дошол нов, Џо Ројл кој рекол дека не знае дали има потреба од напаѓач кој не дал ниту еден гол во првите шест натпревари.
Од анегдотите поврзани со Данкан Фергусон во градот Ливерпул позната е и таа кога на првата прес-конференција со новинарите дошол во црвена јакна што во Евертон е неприфатливо.
„Кога го видов дека носи црвено, му реков брзо да ја соблече. Ние овде со години не јадеме домати од причина што се црвена боја а не па да се облекуваме во црвено“, алудирал на боите на омразениот Ливерпул директорот на клубот.
Вечерта пред дербито на Мерсисајд, Фергусон испил пет шишиња вино и возел брзо пред очите на полицијата. Го привеле во станица да се отрезни и го пуштиле дури во 6 сабајле. Кога дознал за тоа еден час пред мечот, тренерот Џо Ројл се фатил за глава, но не го сменил Фергусон и составот останал ист.
Во 85. минута од мечот против Ливерпул, Фергусон го направил тоа што најдобро го знае: Скокнал на еден центаршут корнерот и со глава го матирал Дејвид Џејмс на кого не му помогнаа ниту рацете во вис. Така Евертон со 2:0 го добил дербито, за само втора победа во сезоната.
После дербито, тренерот Ројл рекол: „Фергусон стана легенда и пред да стане добар играч“. На крајот не го казнил за ноќниот инцидент, тимот избега од зоната за испаѓање и собра сили да стигне до финалето на ФА Купот 1995 година каде сензационално го совлада Манчестер Јунајтед на Сер Алекс.
Тоа бил прв трофеј за Евертон во последните осум години и иако Данкан Фергусон поради повреда во финалето заиграл само во последните десет минути тој станал симбол на враќањето на славните денови на Евертон: Навивачите уживале во неговиот стил на игра, без многу контакти и уништување на противничката одбрана во воздушни дуели.
На почетокот на следната сезона Фергусон отишол во затвор да ја доиздржи казната, а од таму се вратил како култен херој.
Данкан не бил толку елегантен класен играч но нашол начин во кариерата обележана со повреди, да се издвојува од другите напаѓачи во Премиер лигата. Просто невозможно било да му се земе дуел во воздух, особено во шансите за гол: првите 15 од 25 голови во Евертон (вкипно 36 за „Карамелите“ од 68 во првата лига), Данкан ги постигнал со глава, а стоепрот на Ливерпул Сами Хипија го нарекол „најтешкото суштество со кое може да се сретнете во својот шеснаесетник“.
Освен тоа, Фергусон го дели рекордот со Ричард Дан и Патрик Виера по бројот на црвени картони во Премиер лигата (сите тројца добиле по осум), но ако другиве двајца добивале црвени воглавном поради желбата да исправат сопствена грешка пред голот, Фергусон добивал најмногу поради учество во тепачки. Ниту судот, ниту 44 дена во затвор не го смениле неговиот карактер.
Првото исклучување Фергусон го добил поради тоа што го нарекол судијата „ќелаво копиле“. Ако замавнувал со лактите во скокот по топката, противникот или завршувал со крвав нос, или не станувал воопшто.
Big Dunc за некое чудо имал голема одбојност кон Германците: Го исклучиле поради судир со Фреди Бобич, Томас Хицлшпергер и Штефен Фроинд - последниов го фатил за врат, а потоа во своја одбрана пред дисциплинскиот комитет се правдал дека имал проблем само со играчи од други националности затоа што не ги разбирал што му зборат и мислел дека го пцујат (тоа не било точно секако).
Последниот црвен картон во кариерата, расниот стрелец и грубијан Данкан Фергусон го добил осум минути по влегувањето на терен: го слушнал бекот на Виган, Пол Шарнер како пцуе на германски и не разбирајќи ниту збор го нападнал. Шарнер потоа го пофалил Шкотланѓанецот за добриот удар.
„Никогаш не сум влегувал прв во конфликт. Секогаш чекам да заврши“, изјавил подоцна високиот шпиц.
Во Евертон Фергусон имал добар пријател со кој имале заедничка страст кон боксот, иако разликата меѓу нив била 14 години. Пријателот му се викаше Вејн Руни. 10-годишниот Руни му пратил на Фергусон писмо кога овој бил во затворот во Барлини и добил повратно писмо од него.
Кога Руни од академијата на Евертон влегол во првиот тим, Big Dunc го научил како да биде опасен на теренот.
Станале многу блиски пријатели и неколку пати спарингувале, а после еден црвен картон кога го исклучиле од игра, Данкан капитенската лента му ја врзал на раката на 18-годишниот Вејн. Ова го разбеснело тренерот Дејвид Мојс кој сакал да го заштити младиот суперталент од потенцијално лошо влијание. Но Руни се скара со Мојс и замина во Манчестер Јунајтед и пред неговиот учител да се пензионира. Секако, после гол во последна минута со кој му донел голем бод на Евертон.
Данкан станал идол на навивачите на Евертон кои по кратка постапка завршиле со двајца крадци во неговиот дом во Рафорд меѓу Ливерпул и Престон. Првиот вратил сè што украл, а вториот го тепале додека не дошла полицијата. Данкан тогаш ја скршил коската на палецот. Жртвата била три дена во болница. Данкан еднаш фатил и еден крадец кај неговата полица со алкохол каде вадел боца шампањско. Голема грешка на крадецот: Играчот не го штедел ниту шишето ниту главата на бандитот.
Финскиот композитор Осмо Тапио Ријахилја бил голем навивач на Евертон и иако никогаш не бил во Англија бил инспириран од приказната за Фергусон што му посветил акадамска композиција наречена «Barlinnie Nine» (името на затворот и бројот на дресот) која што имала премиера во последното коло од сезоната 2004/2005 кога Евертон заврши четврти, едно место пред Ливерпул во Премиер лигата.