На 16 април 1994 во шкотската Премиер лига, на мечот Рејт Роверс - Глазгов Ренџерс, шпицот на Ренџерите Данкан Фергусон му удри глава на бекот Џон МекСтеј. Поради овој напад беше осуден на 3-месеци затвор.
На крајот од мечот Манчестер Јунајтед - Евертон (1:1) се случи необична епизода: во 89’ минута новиот тренер на гостите, Данкан Фергусон го извади од игра Моизе Кин и го стави Умар. Чудно е што 19-годишниот Кин го стави само 19 минути претходно место Бернар.
Како корпулентен расен стрелец на Ренџерс, зад решетките од најголемиот затвор во Шкотска потпишува договор со Евертон. Во Англија ќе стане култен херој поради бескомпромисните дуели поради кои стана рекордер по бројот на црвени картони во Премиер лигата.