До денешен ден корпулентниот Данкан Фергусон остана единствен фудбалер што лежел затвор поради прекршок на фудбалски терен. Интересно, судијата во моментот не му дал ниту жолт картон но потоа се кренала огромна фама.
Високиот Фергусон подоцна се прослави во англиски Евертон каде беше и тренер и каде сега му е помошник на Карло Анчелоти.
Шкотланѓанецот отслужил 44 дена во озлогласениот затвор Барлини. Кога бил ослободен го сочекала драконска суспензија од 12 меча од фудбалската асоцијација на Шкотска.
Години подоцна пргавиот Фергусон изјавил дека не требало да се прави драма од целиот случај и го опишал ударот со глава како „ништо посебно“.
Во 2019-та година во разговор со еден навивач на Евертон за клупскиот канал Toffee TV Шкотланѓанецот се отворил за инцидентот поради кој заглави затвор:
„Погрешно беше што завршив во затвор, не беше фер. Не требаше да бидам таму и мислам дека многу луѓе го сфатија тоа. Не направив нешто стварно страшно за да бидам таму. Боже, ништо не беше.
Навивачите пројдоа со мене низ тоа, многумина ми пишуваа постојано. Неверојатни беа сите писма и поддршката кои ги добив. Многу писма добив таму внатре и имаш многу време да ги прочиташ сите тие писма во раце. Дефинитивно те одржува низ сето тоа и никогаш не ги забораваш тие работи“.
On this day, 27 years ago, Duncan Ferguson became the first professional player in Britain to be jailed for a incident on the football pitch.
— Football Tweet (@Football__Tweet) April 16, 2021
He headbutted Raith Rovers defender Jock McStay and was sentenced to 3 months in prison for it. pic.twitter.com/qiKiwx50Ne
Интересно во 2019-та и бекот Џон МекСтеј зборувал за инцидентот кога Фергусон го удрил со глава во '94-та.
„Никој не знае дека бев во депресија. Никој освен жена ми не знаеше. На лекарства бев 18 години. Ме смени тој наста. Не го кривам ударот со глава, работи се случуваат во животот. Се разведов исто. Прекинав да играм фудбал, се се случи. Во животот се случуваат работи кои не можеш да ги контролираш. Изгубив верба, надеж. Не можев да издржам да не бидам веќе во Рејт Роверс. Имав 28 години кога се случи тоа пред крајот на мојата кариера“.