Најчудната измена на колото, сите стоеа збунети

На крајот од мечот Манчестер Јунајтед - Евертон (1:1) се случи необична епизода: во 89’ минута новиот тренер на гостите, Данкан Фергусон го извади од игра Моизе Кин и го стави Умар. Чудно е што 19-годишниот Кин го стави само 19 минути претходно место Бернар.

Моизе Кин не беше повреден, туку тоа тренерот Фергусон го оправдал како тактичко решение. Кин збунет го напушти теренот со спуштена глава, а тренерот не му обврна внимание ниту му подаде рака.

После мечот Данкан Фергусон, некогашниот робусен шпиц и легенда на Евертон рекол дека со оваа замена сакал само да украде време затоа што неговиот тим во тие моменти имаше позитивен резултат.

„Го заменив не поради тоа како играше. Ми требаше да направам измена за да убијам малку време. На клупа имав многу напаѓачи, тоа не беше ништо лично против него“.

Новинарите го прашаа: „Не ли мислите дека ќе треба да му го објасните тоа?, а Данкан одговори: „Ќе му објаснам, ќе му кажам кога ќе го видам.“

Интересно, тренерот на „карамелите“ можеше да замени кој било друг напаѓач на Евертон кој беше на терен, дали Ришарлисон дали Клеверт-Леин (почнаа од почеток), но двајцата го доиграа мечот.

Навивачите на Евертон се револтирани зошто тренерот вака само ќе му ја убие самодовербата на младиот 19-годишен Италијанец со африканско потекло. „Можеше да извади кој било друг играч на теренот, не мораше баш него кога веќе го стави 15-ина минути претходно“, е еден од многуте коментари.

Кин за 18 минути на терено имаше 9 контакти со топка, 2 точни додавања, 3 фаула, 0 добиени дуели од 5 и 0 шутеви кон противничкиот гол. На крај натпреварот заврши 1:1 и гостите од Ливерпул освоија злато вреден бод.

Моизе летово дојде во Евертон од Јувентус за 30 милиони евра, но нема ниту еден гол за клубот во Премиер лига каде одигра само 2 меча од старт.

Фергусон, по отказот кој го доби Марко Силва, го водеше Евертон на натпреварите против Челси и Манчестер Јунајтед и собра огромни 4 бода.

16 декември 2019 - 10:52