Стариот со сите знаеше како

Стартот на Манчестер Јунајтед оваа сезона не ветува дека доаѓаат некои нови убави времиња со Мурињо. Но рано е да се каже и навивачите веруваат дека тоа нема да биде краток излет како со Мојс и Ван Гал. Што и да мислат во моментов, сигурно постојано се навраќаат на незаменливиот. Никој друг не постапува вака.

Во пресрет на големото дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, Сер Алекс Фергусон пред точно 4 години им испрати писмо на навивачите за да ги смири тензиите меѓу ривалите.

Односите во годините претходно беа заладени по расистичките препукувања меѓу Луис Суарез и Патрис Евра и тоа создаваше непријатна атмосфера меѓу навивачите, па дури и беше редуциран бројот за гостинските навивачи, во случајот оние на Јунајтед кои требаше да гостуваат на Енфилд Роуд.

Во тој период беше објавен и извештај за несреќата на стадионот Хилсброу во кој вината за смртта на 96-те навивачи во 89-та беше насочена кон нив. Ферги бараше од навивачите да не се потсмеваат на трагедијата и да се почитуваат како два најголеми англиски клубови со богата историја.

Никој како него не знае да напише нешто вакво:

Почитувани навивачи

Поддршката што му ја дадовте на тимот минатата сезона ни помогна да се вратиме на највисоко ниво. Сакаме да го продолжите тој прогрес и денеска.

Но денеска е потребно нешто многу повеќе од тоа. Денеска треба да се размислува за тоа што го прави Манчестер Јунајтед најдобар клуб во светот.

Нашето ривалство со Ливерпул се базира на определбата да излеземе на врвот – со желба да бидеме крунисани против тим кој беше најдобар долго време.

Тоа не може и не треба да биде врз основа на лична омраза. Пред само 10 дена ја слушнавме страшната вистина за смртта на 96-те навивачи кои беа да го бодрат својот тим за да го достигне финалето на ФА купот и никогаш не се вратија.

Тоа што се случи со нив треба да ја разбуди совеста кај секој кој е поврзан со фудбалот.

Нашиот голем клуб им дава поддршка на нашите големи соседи Ливерпул во сеќавањето на загубата и битката на нивната кампања во борбата за правда. Знам дека можам да сметам на вас да застанете со нас во најдобрите традиции како најдобри навивачи на оваа игра.

Со почит
Сер Алекс Фергусон

 

23 септември 2016 - 12:19