Недоразбирањата може да се каже дека потекнуваат уште од 17-ти септември кога ГАРДИЈАН му посвети текст за да му ги одбележи јубилејните 40 години.
И потоа следниот ден продолжија ДЕЈЛИ РЕКОРД И САН.
Па ФИФА
А го испоштувавме и ние.
Па конфузија направи официјалниот Твитер акаунт на ЛИГА НА ШАМПИОНИ од каде пристигнаа честитки на 19-ти, а лани на 22-ри.
Но овој датум е сомнителен бидејќи ниту еден од неговите поранешни клубови не му упати честитки, освен БАРСЕЛОНА која потоа го избриша твитот.
Сите овие честитки веројатно пристигнале по нивната проверка на ВИКИПЕДИЈА каде стои 18 септември 1976, што би требало и да е релевантен извор освен некој ако не едитира внатре и од досада напише дека Роналдо уствари почнал со кариера во Миравци.
И што се случува денеска?
Роденден му честитаат ЕУРОСПОРТ, реномираните италијански весници ГАЗЕТА ДЕЛО СПОРТ и КОРИЕРЕ ДЕЛО СПОРТ и тоа нè натера да видиме кој е во право и дали и ние клизнавме на 18-ти.
На честитките се приклучуваат неговите поранешни клубови ИНТЕР и ПСВ и тука 18-ти излегува од игра, бидејќи логично во клубовите е регистриран според податоците од пасош.
Потоа ПАНИНИ
А потврда за 22-ри ќе најдете и на ВИКИПЕДИЈА, ама ако го смените јазикот на италијански, шпански или португалски.
Ако ви требаат уште докази ете ја и неговата официјална ФЕЈСБУК страна, иако таму откривме друг проблем. Годината на раѓање му ја утнале :).
Дилемата кај сите околу неговиот датум на раѓање веројатно потекнува од овој цитат кој стои на ВИКИПЕДИЈАТА за Роналдо:
„Роналдо: патувањето на еден гениј“ од Џејмс Мозли кој вели дека Роналдо е роден на 18 септември, но е регистриран до 22-ри септември.
Кога и да е роден Роналдо беше феномен, прекар кој го заслужи.