Кина ги прекинува сите врски и спонзорства со Реал Мадрид и Килијан Мбапе

Големи контроверзи во НР Кина предизвикало видео на кое се гледа како Килијан Мбапе одговара на брзи, кратки прашања. Го навредил таткото на кинеската нација и сега сите кинески спонзори поврзани со него ќе ги раскинуваат договорите со него и со Реал Мадрид.

Капитенот на Франција и главна ѕвезда на Реал Мадрид е во средиште на скандал откако на едно банално прашање „Кое ти е најомилено меме“? вели: 'Ммммм.... Едно видео со еден кинески диктатор најмногу ме смее'. Додека тој дава одговор на прашање од француското шоу 'Мостот' во исто време оди скеч од мемето со основачот на кинеската Народна Република Кина и лидер на комунистичката партија на Кина Мао Цетунг.

„Го користиме цело време со другарите“.

Мбапе не го споменува името Мао и монтираното видео веќе е тргнато од Јутјуб, но оваа контроверза веќе е актуелна во Кина на тамошните друштвени мрежи.

Дури и министерството за надворешни работи на Кина, преку портпаролот Лин Жиан соопштило: „Забележавме важни извештаи. Зборовите и делата кои ги повредуваат чувствата на кинескиот народ секако дека ќе бидат пречекани одбивно од сите сектори во кинеското општество“.

Ниту Мбапе ниту француското ток-шоу „Мостот“ не се огласиле по овој повод се уште.

Нејасно е кога е направено краткото интервју со Килијан но Кинескиот фудбалски форум Донжиди прв обрнал внимание во понеделникот вечер преку соопштение во кое стои дека ова е „непристојно“ и дека „ги навредува чувствата на Кинезите“.

Дискусија набрзо се развила на кинеските друштвени мрежи каде Мбапе кој е мошне популарен во Кина и е голем бренд за разни спонзори, бил критикуван и навредуван. Многумина коментирале дека тој заработува од кинескиот пазар а истовремено дава изјави кои ја вреѓаат кинеската јавност.

Контроверзата оди до таму што дури и кинеската државна телевизија CCTV ги суспендирала преносите од шпанска Ла Лига, соопштил кинескиот медиум Пејпер. Апликациите на телевизискиот канал CCTV ја отстраниле секоја содржина поврзана со францускиот фудбалер. Други кинески брендови не објасниле експлицитно зошто ги раскинале договорите со Мбапе туку рекле само дека се однесува на повредата на нивните чувства.

27 октомври 2026 - 10:46