Најопасната трка некогаш возена во Формула 1 - на силен дожд полн гас

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

„Тркало до тркало по дожд, без милиметар отстапување“, гласи објавата на Инстаграм страната bet.zicer која потсети на една од најлудите трки во историјата на Формула 1.

Трката за Големата награда на Јапонија, на патеката Фуџи Спидвеј. Дождот не прекинува, вода пршти на сите страни, а видливоста е толку лоша што возачите едвај можат да видат што ги чека пред нив.

И баш тогаш Фелипе Маса и Роберт Кубица решаваат да приредат прав спектакл. Во последниот круг водеа неверојатна борба за 6. место. Ферари против БМВ Саубер, двајца возачи кои не сакаат да попуштат ни сантиметар!

Менуваа позиции низ кривини, блокираа тркала, излегуваа широко од идеалната траекторија и се бореа рамо до рамо во услови во кои и самото одржување на болидот на патеката претставуваше огромен предизвик.

Контакт тркало со тркало, доцни сопирања и маневри на самата граница на можното - се додека водата целосно не им го сокриваше погледот и го чинеше секој следен потег уште поризичен. Двајцата покажаа неверојатна контрола, храброст и одлучност да не му препуштат позиција на ривалот.

И на крај, пред целта, Маса успева да си ја врати предноста и прв да мине пред Кубица и да го осови 6. место.

Ова беше Формула 1 во своето најлудо издание - дожд, броба и два возачи кои не знаеа за предавање! 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BetZicer (@bet.zicer)

26 октомври 2026 - 13:01