Адебајор, кој беше ослободен од Кристал Палас летово откако му заврши договорот со овој клуб, минатата недела се сретнал со тренерот на Лион Бруно Џенесио за да дискутираат околу неговиот трансфер во францускиот прволигаш.
32-годишниот репрезентативец на Того изјавил дека трансферот пропаднал затоа што Лион не сакал да го ослободи за Африканскиот Куп на Нации во јануари следната година, но Џенесио има сосема друго објаснување зошто договорот не успеал.
Според него, напаѓачот имал серија на бизарни барања кога се сретнале: Барал приватен хеликоптер да го носи на тренинг, да го вработат познатиот шеф на кујна Жоел Робушон како негов личен готвач и да му најдат вила со базен кој има поглед на Корзика.
„Имавме место за Ману, така што договорив со него да пиеме кафе во Лион. Но на мое големо изненадување, кога стигна нарача виски во кафето, а имаше и цигара во устата. Ме изненади непријатно“, вели Џенесио за Фудбал Франс.
Целата приказна се објави на неколку портали низ Европа, поради што Адебајор во четвртокот објави соопштение да ја демантира приказната и бара од одговорните новинари да му се извинат.
„Обично не коментирам преговори за трансфер или шпекулации но овојпат некои работи мора да се расчистат. Лион сакаше да ме доведе и ми плати приватен џет лет од Того за да ме донесат кај нив и да потпишам пред мечот со Марсеј. Договорот беше готов и јас летав со цел да ги завршам медицинските прегледи и да потпишам. За жал не можев да стигнам на време да бидам регистриран за нивниот меч и тие потпишале друг помлад напаѓач. Имавме многу пријателска средба во Лион, а тренерот сметаше дека не е фер за развојот на младиот играч да не потпишат и двајцата. Сфатив дека нема да имам многу време за играње. Во однос на шпекулациите, пиев само вода на состанокот и не сум побарал виски или сум држел цигара“, напишал Адебајор во соопштението.