Да му симнеме капа на човеков

Простувањето од националниот дрес очекуваше дека ќе му се случи на друг начин, ама и ова не е лошо. Бразил изненадувачки загуби од Иран на пенали во осминафиналето на Светското првенство во Футсал, а гостинските играчи го испратија најдобриот футсал играч на сите времиња во репрезентативна пензија како Бог.

Алесандро Роса Виеира на сите познат како Фалкао се повлече од репрезентација на 39 години по пет учества на Мундијалите (2000, 2004, 2008, 2012, 2016) од кои ги освои (2008 и 2012). Најголемата футсал ѕвезда во светот освои Златна топка во 2008-ма и 2012-та, а клупската кариера ќе ја продолжи во Сорокаба. Тешко е да се издвои само една компилација од него.

 

22 септември 2016 - 15:02