Реал Мадрид синоќа го почна мечот против Виљареал со триото Роналдо-Бензема-Бејл, а во второ полувреме влезе и Мората, но ниту на еден од вие напаѓачи не им одеше и на полувреме имаа негатива 0:1.
Само три минути игра им доволни во вториот дел за да го израмнат резултатот, a заслугите за тоа одат кај Серхио Рамос. Кога Кралевите изведуваат корнер, камерите го бараат дефанзивецот на Реал.
Центар халф е, во одбрана е многу цврст и во игра еден на еден не можеш да го поместиш, но Рамос го опишуваат со зборовите “todo terreno“ што во превод би значело дека го има секаде на терен.
Со синоќешниот погодок против Виљареал, Серхио Рамос стигна уште една легенда од обраната на Реал Мадрид, а тоа е Роберто Карлос. Овие двајца дефанзивци сега имаат по 46 постигнати голови за Реал Мадрид. Карлос беше специјалист за слободни удари, а Рамос обично ги забива со глава.
Да не играше Рамос во финалињата во Лига на шампиони 2014-та и 2016-та, Реал Мадрид можеби немаше да стигне ниту до 10-та, ниту до 11-та Европска титула. На првото финале Атлетико со голот на Годин во 36-та го имаше пехарот во раце и тоа се до 93-та минута кога Рамос на Естадио де Луз го однесе мечот во продолженија во кои Реал постигна три гола.
Две години потоа одново мадридско дерби во финалето и одново продолженија. На Сан Сиро во Милано, Реал прв поведе со голот на Рамос во 15 минута, а израмни Караско во 79-та. На пенали тимот на Зидан беше подобар. Славни голови ќе му останат и оние два во полуфиналето против Баерн Минхен 2014-та.
Само тројца дефанзивци во историјата на Ла Лига се подобри стрелци од Рамос. Легендарниот капитен на Реал Мадрид, Хозе Мартинез - Пири (1964 – 1980) има постигнато 52 гола. Потоа следува уште еден легендарен капитен, Фернандо Јеро (1989–2003) со 60 голови, а прв стрелец меѓу дефанзивците е Роналд Куман кој за 6 години во Барселона од 1989-та до 1995-та запиша 67 голови.
Синоќешниот гол против Виљареал
Голот во финале на ЛШ 2014-та
Голот во финале на ЛШ 2016-та